Јосип Јурај Штросмајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Јосип Јурај Штросмајер
Strossmayer, Josip Juraj.JPG
Роден 4 Фебруари 1815
Осиек
Починал 8 Мај 1905 (1905-05-09)
Џаково
Погребалиште Џаковската Катедрала
Живеалиште Загреб
Националност Хрват
Образование Виенскиот Универзитет
Занимање Бискуп
Партија Народната партија
Вероисповед Римокатолик

Јосип Јурај Штросмајер (4 февруари 1815 - 8 мај 1905) бил римокатолички бискуп, добродетел и политичар од Хрватска.[1]

Рана возраст и свештеничка творност[уреди]

Штросмајер е роден во Осиек, произлегува од Хрватско семејство со германско презиме бидејќи прадедо му бил етнички Германец, емигрант од Штаерска, кој земал хрватка за жена. Штросмајер го завршил средното образование во Oсjek, а дипломирал теологија во католичката семинарија во Ѓаково. На двадесет годишна возраст докторирал Филозофија во врховна семинарија во Будимпешта.[1]

Во 1838 започнал да работи како викар во Петроварадин, потоа во 1840 се префрлил во Виена во Августиниумот и во Виенскиот универзитет каде во 1842 се здобил со уште еден докторат по филозофија и Канонско право. Во 1847 бил назначен дворски поп на Хабсбуршката династија (функција која ја вршел се до 1859). Тој исто така и станал еден од пасторите на Августиниумот.[1]

На 18 Ноември 1849, Јосип бил назначен бискуп на Босна и Срем со седиште во Џаково. Назначувањето било направено од страна на Франц Јозеф I по препорака од хрватскиот Бан Јосип Џелачиќ. На 20 Мај 1850 папата Пиј IX ја одобрил кралската одлука. На 8 Септември 1850, Јосип бил прогласен бискуп и официјално поставен во Џаково на 29 Септември истата година. Кога станал бискуп најавил дека неговото мото ќе биде Сè за верата и татковината. Штросмајер наследил богата епархија: имала над 70,000 хектари (280 km²) шуми, пасишта, обработлива земја и лозници, со развиени капацитети за стока и коњи, кое се заедно носело годишен приход од 150,000 до 300,000 форинти.

Хрватска Политика[уреди]

Во 1860 станал лидер на Народната партија се до 1873. Претходно веќе се имал спријателено со Јан Колар во Пешта, а и соработувал со чешките политичари Франтишек Палацки и Франтишек Риегер кон културна и политичка соработка меѓу сите словенски народи. Исто како Бан Џелачиќ, Јосип ја поддржувал австриската Хабсбуршка династија, меѓутоа тој сепак се стремел да им овозможи повеќе права на Словените во династијата. Тој препорачувал федерализација (соединување) на Далмација и Хрватска, како и воведувањето на хрватскиот јазик во јавната администрација и училиштата.

Во 1861, Штросмајер одржал влијателен говор пред хрватскиот парламент на тема на односите меѓу Хрватска и Унгарија, во кој навел дека се стреми кон федерализација и дека го поддржувал соединувањето на Међимурска жупанија и градот Риека со Хрватска. Во 1866, парламентот го изгласал него за претседател на хрватската регниколарна делегација (регниколарна, онаа која ги застапува интересите на луѓето во кралството), која требала да ги преговара условите на сувереност со Унгарија, но тие неуспеале успешно да ја склопат зделката. Хрватско-Унгарскиот договор, кој стапил во сила на 1868, не ги застапувал хрватските интереси целосно — на кое Штросмајер протестирал поради намалената автономија во областите на буџетот и финансиите.

Во 1872 парламентот формирал уште една регниколарна делегација чија цел било да изврши ревизија на договорот. Штросмајер повторно бил назначен како член, но делегацијата повторно била неуспешна во својата задача. Ова го натерало Штросмајер да се повлече од политичкиот живот и да отстапи како лидер на Народната партија. Подоцна и се придружил на опозиционата Народно Независна партија која протестирала против владеењето на Бан Кхуен Хедервари (1883–1903) и инсистирала сите хрватски земји да се соединат со Унгарското Кралство. Во 1888, откако Императорот го прекорил за тоа што ги претпочитувал русите и им се спротивставувал на унгарците, Јосип се пензионира од активната политика.


Културна стратегија[уреди]

Во 1867 Штросмајер имал важна улога во создавањето на Хрватската академија на науки и уметности, како и во повторното воспоставување на Универзитетот во Загреб во 1874.[2][3] Тој го иницирал градењето на Академската палата (завршена во 1880), на Академската галерија (1884) во Загреб,[4] а и помогнал во создавањето на печатница во Цетиње. Тој исто така помогнал во основањето на Словенската матица и активно ја поддржувал Српската матица (национално културолошки здруженија на Словенците и Србите). Во 1861 тој дозволил да се испечати Зборникот на браќата Миладиновци во Загреб, но без песните и белешките на Наум Миладинов [5]. Бидејки тој многу го ценел трудот на Св. Кирил и Методиј, Јосип исто така наредил да се испечатат неколку требници на глаголица со цел да се исцелат словенските литургии кои ги поврзувале двете јужнословенски христијански религии.

Католичка дипломатија[уреди]

Штросмајер го поддржувал обединувањето на сите јужнословенски народи под покровителството на Хабсбуршската династија и ја поттикнувал религиозната унификација преку употребата на словенски обреди како и во католичките така и во православните цркви. Тој служел како србскиот Нунциј на папата и во таа служба ја има посетено Србија неколку пати во текот меѓу 1852 и 1886. Во 1866 тој исто така помогнал во воспоставувањето на договор меѓу Sancta Sedes (Ватикан) и Црна Гора.

Во 1869 и 1870, Јосип присуствувал на Првиот Ватикански Совет во Рим. Тој се истакнал со тоа што бил еден од оние кои јавно ја доведувале во прашање неограничената моќ на Папата и доктрината papal infallibility (папата е безгрешен). Одржал тричасовен говор на Латински јазик, кое на времето многумина го сметале за еретично, и потоа си заминал од Советот.[6] Подоцна попуштил на темата за papal infallibility[1]. Во 1881 и 1888 тој ги предводел словенските делегациите во Рим каде успеал да го убедат Папа Лав XIII да им дозволи на јужните Словени во Хрватска и Далмација да го задржат словенскиот јазик како и во римските црковните обредни литургии така и во византиските обреди.

Личен живот[уреди]

Уште од раните денови како поп тој бил близок пријател на д-р Фрањо Рачки, најпознатиот хрватски историчар на времето. Кога Академијата била основана во 1867 Штросмајер бил именуван главен спонзор, а Фрањо за претседател. Во 1894, кога Фрањо починал, Штросмајер напишал: Го загубив мојот најдраг пријател... загубив дел од себе... поголемата половина од сè што создадов беше негова идеа, негова заслуга и негова слава. Нивното пријателство е документирано во серија од четири книги, напишани од страна на историчарот Фердо Шишиќ, кои ги содржат нивните писма.[7]

Јосип Јурај Штросмајер починал во Џаково на 90 годишна возраст.

Наследство[уреди]

Парите кои ги добивал од својата епархија Штросмајер редовно ги употребувал во финансирање на изградба на училишта, галерии и цркви. Најзначајна била украсната катедрала во Џаково, чија конструкција тој ја надгледувал од 1866 до 1882[1] и која ја посветил на Славата Божја, единство на црквите, слога и љубов меѓу луѓето. Катедралата во Џаково била највеличенствениот објект изграден од страна на Штросмајер во текот на неговите 55 години како бискуп. Тој исто така отворил печатница во Џаково, машка семинарија во Осјек, ја поддржувал главната теолошка семинарија и пристигнувањето на калуѓерќите во Џаково кои требале да помогнат во обучувањето на женската младина, основал нови парохии низ целата епархија, организирал мисии за светите лица, има одговорено на стотици ако не и илјадници пасторски писма како и од епархијата така и од другите делови на Хрватска и подалеку.

Josip Juraj Strossmayer

Штросмајер има пружено финасиска и организаторска поддршка во изградбата на најразновидни јавни градби во Хрватска: училишта, гимназии, библиотеки, помагање на сиромашните во запуштени делови, дури и градење патишта и донирање градежен матријал за изградбата на Базилика Свети Петар во Ватикан.

Универзитетот во Осјек и крстен по него, а во паркот на Хрватската академија на науки и уметности има голема статуа на Штросмајер. Во 1991 граѓаните на Џаково му имаат изградено меморијален музеј.

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Klemens Löffler (1912). „Catholic Encyclopedia: Joseph Georg Strossmayer“. „The Catholic Encyclopedia Vol. 14“. Robert Appleton Company, New York. http://www.newadvent.org/cathen/14316a.htm. конс. 18 април 2010. 
  2. „History of the University of Zagreb“. University of Zagreb. 2005. http://www.unizg.hr/homepage/about-university/history/. конс. 30 септември 2010. „Bishop Josip Juraj Strossmayer in 1861 proposed to the Croatian Parliament that a legal basis be established for the founding of the University of Zagreb. During his visit to Zagreb in 1869 the Emperor Franz Joseph signed the Decree on the Establishment of the University of Zagreb.“ 
  3. Josip Juraj Strossmayer (29 април 1861). „Akademija znanosti - put prema narodnom obrazovanju“ (на Croatian). „Speech in the Croatian Parliament“. Wikisource. http://hr.wikisource.org/wiki/Govor_Josipa_Jurja_Strossmayera_u_Saboru_29._travnja_1861.. конс. 30 септември 2010. 
  4. „Croatian Academy of Sciences and Arts - The Founding of the Academy“. Croatian Academy of Sciences and Arts. 2007. http://info.hazu.hr/foundation_of_academy. конс. 18 април 2010. 
  5. „Why the collection of folk-songs by the Miladinovi did not appear under the name of the three brothers“. http://www.struga.org. http://www.struga.org/eng/why_the_collection_brother_miladinovi_not_three_authors.htm. „Moreover, because of his loyalty to the Patriarchate of Constantinople, not only were the songs (that he collected) together with their notes (that he prepared) not to be inserted in the collection, at Strossmayer's request, but also the book-collection itself was to be published only under the name of the two brothers Dimitar and Konstantin.“ 
  6. Joseph Kirch (1912). „Catholic Encyclopedia: Vatican Council“. „The Catholic Encyclopedia Vol. 15“. Robert Appleton Company, New York. http://www.newadvent.org/cathen/15303a.htm. конс. 18 април 2010. 
  7. Šišić, Ferdo (1928-1931). Korespondencija Rački-Strossmayer. Zagreb: Jugoslavenska akademija znanosti i umjetnosti. http://katalog.hazu.hr/WebCGI.exe?Tip=Listic&Jbmg=008166&Baza=1. конс. 18 април 2010. 

Надворешни врски[уреди]