Јастреб врапчар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јастреб врапчар
Обичен сколовранец (Sturnus vulgaris)
Front view of bird of prey with barred underparts, yellow eyes and hooked bill
Женка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Фамилија: Јастреби
Род: Јастреб
Вид: Јастреб врапчар
Биномен назив
Accipiter nisus
(Linnaeus, 1758)
Подврсти

A. n. granti
A. n. melaschistos
A. n. nisosimilis
A. n. nisus
A. n. punicus
A. n. wolterstorffi

      Летно живеалиште       Постојано живеалиште       Зимско живеалиште

Јастребот врапчар (Accipiter nisus) живее и во Македонија.

Јастребот врапчар е мала птица грабливка со кратки, но широки крилја, и долга опашка. Двете адаптации помагаат за маневрирање низ дрвја. Женките можат да бидат и до 25% поголеми од мажјаците,[2] со тежина двојно поголема од нивната.[3] Кога женките се поголеми од мажјаците, познато е како обратен полов диморфизам. Возрасниот мажјак е долг 29–34 см, со распон на крилја од 59 до 64 см,[2] и маса од 110 до 196 g.[4] Има сиви горни делови (понекогаш посинуваат), со фини црвени долни делови кои од далечина можат да изгледаат портокалово; неговите ириси се портокалово-црвени. Женката е многу поголема со 35–41 см во должина, распон на крилјата од 67–80 см,[2] и маса од 185–342 g.[4] Таа има темно кафени или сино-кафени горни делови, кафени долни делови, и светло жолти, или портокалови ириси. Младите се кафени во горниот дел,и боја која наликува на 'рѓа во долниот дел;[5]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Јастребот врапчар е распространет на должина од 23.600.000 км² и проценета популација од 1.5 милиони птици во 2009.[6] Овој јастреб е еден од најчестите грабливки во Европа, заедно со Falco tinnunculus и Buteo buteo.[7]

Отворена листопадна шума
Листопадната шума е типично место за парење и ловење за Јастребот врапчар.

Овие врсти се чести во шумите и во места со раштркани дрвја.[8] Јастребот врапчар претпочита лов во шумските рабови, но преселниците можат да бидат сретнати во секакво живеалиште.[7] За разлика од неговиот поголем роднина,Јастребот кокошар, може да биде забележан во градини и урбани области[9] и може дури да се пари во градски паркови.[8] Јастребот кокошар од постудени региони од северна Европа и Азија се преселува на југ за време на зимата,некои до Северна Африка (а некои дури до екваторски Источна Африка) и Индија. Младите ја започнуваат својата преселба пред возрасните.[7]

Исхрана[уреди]

Јастреб кубе a мала птица
Јастребот врапчар, како овој мажјак, ги отстранува поголемите пердуви од својот плен пред да го јаде месото.

Јастребот врапчар е водечки грабливец на помали шумски птици,[10] но и покрај тоа, само 10% од неговите напади се успешни.[11] Лови со изненадно напаѓање, користејќи живи огради, овоштарници и други засолништа во близина на шумските предели; неговиот избор на живеалиште е одреден од овие потреби. Исто така користи градини, имајќи предност над пленот кој се наоѓа таму.[5]

Машките единки редовно убиваат птици со тежина до 40g и некогаш до 120g; женките напаѓаат плен со тежина до 500g и поголем. Дневната тежина на храна конзумирана од возрасни птици дневни е проценета на 40–50g за мажјаци и 50-70g за женки.[5] Врсти кои што се хранат на отворено, далеку од заштита, или се забележливи поради нивното однесување и боја, почесто се цел на Јастребот врапчар.[12]

Размножување[уреди]

Три меки,бели пилиња во гнездо
Пилињата остануваат во гнездото се додека не достигнат возраст од 24 до 28 дена.

Јастребот врапчар се пари во пространи шуми, со средна густина. Нивното гнездо често може да се пронајде во близина на стеблото, на некоја хоризонтална гранка, или на врвот на некоја грмушка. Градат ново гнездо секоја година.[13] Користат гранчиња како главен материјал. Кога јајцата ќе се снесат, додаваат нови гранчиња или кора од дрва.[5]

За време на сезоната на парење , мажјакот губи тежина, бидејќи се грижи за исхраната на партнерката се додека не ги снесе јајцата.[14]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Accipiter nisus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003455. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 Robinson, R.A.. „Sparrowhawk Accipiter nisus [Linnaeus, 1758“]. „BirdFacts: proПодатотекаs of birds occurring in Britain & Ireland“. British Trust for Ornithology. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob2690.htm.  Retrieved 26 February 2009
  3. del Hoyo et al (1994) p56
  4. 4,0 4,1 del Hoyo et al (1994) p. 158
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „BWPi: The Birds of the Western Palearctic on interactive DVD-ROM“. London: BirdGuides Ltd. and Oxford University Press. 2004. ISBN 1-898110-39-5. 
  6. „Sparrowhawk (Canarian-Madeirian subspecies) Accipiter nisus granti“. „Environment – Nature & Biodiversity: Threatened Birds“. European Commission. http://ec.europa.eu/environment/nature/conservation/wildbirds/threatened/a/accipiter_nisus_granti_en.htm. конс. 1 февруари 2009. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Forsman, Dick (1999). „The Raptors of Europe and The Middle East: a Handbook of Field Identification“. London: Christopher Helm. стр. 244–255. ISBN 0-7136-6515-7. 
  8. 8,0 8,1 Jonsson, Lars (1996). „Birds of Europe“. London: Helm. стр. 134–135. ISBN 0-7136-4422-2. 
  9. „Sparrowhawk“. „BTO Garden Birdwatch“. British Trust for Ornithology (BTO). http://www.bto.org/volunteer-surveys/gbw/gardens-wildlife/garden-birds/a-z-garden-birds/sparrowhawk. конс. 1 февруари 2009. 
  10. Post, P.; Götmark, F. (1996). „Prey selection by Sparrowhawks, Accipiter nisus: relative predation risk for breeding passerine birds in relation to their size, ecology and behaviour“. „Philosophical Transactions: Biological Sciences“ 351 (1347): 1559–77. doi:10.1098/rstb.1996.0141. Bibcode1996RSPTB.351.1559G. 
  11. Burton, Robert (2006). „Garden Bird Behaviour“. New Holland. стр. 134. ISBN 1-84537-597-1. http://books.google.com/?id=5I7oIoLtMy8C&pg=PA134. 
  12. Newton (1986) p. 137
  13. Ali, Salim; SD Ripley (1978). „Handbook of the Birds of India and Pakistan. Volume 1“ (2 издание). New Delhi: Oxford University Press. стр. 243–246. 
  14. Newton, I.; Marquiss, M.; Village, A. (April 1983). „Weights, breeding, and survival in European Sparrowhawks“ (PDF). „The Auk“ 100 (2): 344–354. http://sora.unm.edu/sites/default/Податотекаs/journals/auk/v100n02/p0344-p0354.pdf.