Јастреб глувчар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јастреб глувчар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Фамилија: Јастреби
Род: Јастреби
Вид: Јастреб глувчар
Биномен назив
Buteo buteo
(Linnaeus, 1758)
Подвидови

7-10, види во текстот

Темнозелено: преку цела година
Светлозелено/сино: размножување/зимување.

Јастребот глувчар (науч. Buteo buteo) е средна до голема граблива птица, која е распространета низ цела Европа, вклучувајќи ја и Македонија и се раширена кон Азија. Вообичаено е резидентна преку целата година, освен оние птици кои живеат во најсеверните краишта и еден подвид, кои се преселнички.

Опис[уреди]

Јастребот глувчар (обичниот јастреб) е долг 40-58 см, со распон на крилјата 109-136 см и тежина од 427 до 1364 грама, што го прави средно голем грабливец.[2][3]

Овој јастреб има многу различни бои на своето перје и во Европа може да се помеша со сличниот гаќестиот глувчар (Buteo lagopus) и со подалечниот сродник осојадот (Pernis apivorus), кој го имитира перјето на јастребот глувчар за да се заштити од јастребот кокошар. Перјето може да му варира од речиси целосно бело до црно, но обично е во нијанси на кафеаво со посветол „ѓердан“ од пердуви.

Систематизација[уреди]

Јастребот глувчар прв го опишал Карл Лине во неговата Systema naturae во 1758 како Falco buteo.[4] Подвидовите се сместени во две групи. Западна група јастреби, кои се обично постојани жители или преселници на кратки растојанија:

Источната vulpinus група ги вклучува:

Две постојани форми на островите близу Африка често се сместуваат во првата група, но изгледа дека се посебни видови, поблиски до африканскиот лисест глувчар, според биогеографијата и прелиминарните ДНА анализи:

Во Хамертон зоолошката градина, Англија

Однесување[уреди]

Во лет

Јастребот глувчар се размножува во шумски предели, обично по краевите, но го фаворизира ловот над отворено земјиште. Јаде главно мали цицачи, и ако најде мрши. Голем опортунист е, добро се приспособува на разновидна исхрана на: фазани, зајаци, други мали цицачи, средни цицачи, змии и гуштери, и често може да се види на места со неодамна изорени полиња во потрага по црви и инсекти. Птиците имаат неверојатна сила и затоа се во можност да носат храна од сите тежини.

Јастребите вообичаено не формираат јата, но мала група може да се забележи при преселбата или во добра животна средина. Во ретки прилики може да се заблежат дваесетина јастреби во поле, раздвоени по триесетина метри, па тоа не може да се нарече јато во вистинската смисла на зборот. Тие се жестоки бранители на територијата, и, иако ретко, се борат да го избркаат натрапникот. Паровите се создаваат за цел живот. За да го ​​привлечат партнерот (или да го импресионираат постоечкиот) мажјакот изведува ритуални воздушни летови уште пред да започне пролетта. Овој спектакуларен приказ е познат како „тобоган“. Тој ќе се вивне високо во небото, ќе се сврти и ќе паѓа надолу, во спирала, извртувајќи се и превртувајќи додека да стигне до долу. Потоа веднаш се крева нагоре и го повторува истото.

Повикот на јастребот глувчар е тажно пии-јау, слично на мјаукањето на мачката.

Степски подвид[уреди]

Подвидот, степски јастреб, B. (b.) vulpinus се размножува од источна Европа, на исток, до Далечниот Исток, без Јапонија. Тие се преселници на долги растојанија, освен некои птици од северни Хималаи, кои зимуваат во Африка, Индија и југоисточна Азија. Во зимските престојувалишта, на отворено, овој јастреб често може да се види на жиците од телефонските кабли.

Овој подвид, понекогаш е сметан за посебен вид, B. vulpinus. Во споредба со номинираниот вид, тој е малку помал, долг 45-50 см, со подолги крилја и подолга опашка. Има два типа различни по боја, едниот е светлопортокалов, од каде доаѓа неговиот биномен назив (vulpes латински за „лисица“), а другиот е темно сив.

Опашката на vulpinus е посветла од номинираниот вид и често попувкаста. Горниот дел од крилјата имаат посветли примарни завршетоци, а примарните пердуви за летање им се исто така посветли кога се гледаат одоздола. Возрасните имаат црни задни рабови на крилјата, а долните делови им се обични, без линии на градите, кои се чести кај B. b. buteo.


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Buteo buteo. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/160032591. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  3. Raptors of the World by Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead & Burton. Houghton Mifflin (2001), ISBN 0-618-12762-3.
  4. (латински) Linnaeus, C (1758). „Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata.“. Holmiae. (Laurentii Salvii).. стр. 90. „F. cera pedibusque luteis, corpore fusco, abdomine paludo maculis fuscis.“ 
  • Clouet, Michel and Wink, Michael (2000): The Buzzards of Cape Verde (Buteo (buteo) bannermani) and Socotra (Buteo buteo spp.) - First results of a genetic analysis based on nucleotide sequences of the cytochrome b gene. Alauda 68(1): 55-58. PDF fulltext
  • Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead and Burton Raptors of the World ISBN 0-7136-8026-1
  • Mullarney, Svensson, Zetterstrom and Grant, Collins Bird Guide ISBN 0-00-219728-6
  • Ian Sinclair, Phil Hockey and Warwick Tarboton, SASOL Birds of Southern Africa (Struik 2002) ISBN 1-86872-721-1

Надворешни врски[уреди]