Турнир Вијареџо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Турнирот во Вијареџо (италијански: Torneo di Viareggio) е еден од најважните фудбалски турнири за млади играчи во светот. Тој е основан во 1949 година и се одржува секоја година во италијанскиот град Вијареџо сместен во регионот Тоскана. Турнирот трае две недели и завршува во последната недела од градскиот карневал. Поради ова купот го добива и името Куп на Карневалот (Копа Карневале, на италијански: Coppa Carnevale).

Местото на најмногу освоени првенства на турнирот го држат италијанските клубови Милан и Јувентус кои по 9 пати биле прваци. На турнирот главен претставник на Македонија е струмичка Беласица која дебитира на купот во 2001 година со златната генерација во која се вбројуваат и Горан Пандев и Ацо Стојков, кои токму преку овој турнир ќе бидат забележани од светски фудбалски скаути.[1] Во 2016 година за првпат на турнирот учествува и Академија Пандев.

Од 2009 година па наваму на турнирот за најталентираните се доделува и наградата „Златно момче“ која ја добива играчот кој ќе добие најмногу гласови од жирито составено од спортски новинари од Италија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Како започна Гоче - првото пионерско финале на Македонија“. ФФМ. Посетено на 14 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]