Теодора (сопруга на Роман I Лакапин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теодора
Византиска царица
На престол920–922
Роден(а)10 век
Починал(а)22 февруари 922
Цариград
СопружникРоман I Лакапин
ДецаХристофор Лакапин

Стефан Лакапин
Константин Лакапин
Теофилакт Лакапин
Елена Лакапина

Агата Лакапина
династијаФамилија Лакапин

Теодора (? - 22 февруари 922) била византиска царица, сопруга на царот Роман I Лакапин.

Царица[уреди | уреди извор]

Потеклото на Теодора е непознато. Нејзиниот сопруг Роман бил Друганриј на флотата, која во 919 година го извршила државниот удар против регентите на Константин Порфирогенит и сам ја презел власта во негово име. Во јули 919 година Теодора станала тешта на царот Константин VII, кого Роман го оженил за нивната ќерка Елена Лакапина.

Во ова време Роман Лакапин бил прогласен за василиопатор (татко на царот), а во септември 920 бил крунисан и за соцар на Константин VII. Во јануари 921 година Теодора била крунисана за августа - титула која ја носела до крајот на животот на 20 февруари 922 година.

Деца[уреди | уреди извор]

Теодора е единствената жена спомната во хрониките како сопруга на Роман I Лакапин, поради што традиционално се прифаќа дека таа е мајка на сите негови шест деца:

Сепак постои и претпоставка дека Теодора била втора сопруга на Роман Лакапин.

Симеон Метафраст наведува дека Никифор бил дедо на Роман I Лакапин, што значи дека Никифор е татко на Теодора. Друга хроника сепак наведува дека Никифор бил дедо на Христофор Лакапин, најстариот син на Роман I. Обично тоа разминување се објаснува со грешка направена од Симеон Метафраст. Меѓутоа во својата книга "Византиски фамилии" (1975) Жан-Франсоа Ваниер претпоставува дека Симеон Метафраст не се збунил и дека Роман и Христофор, татко и син, се ожениле за две сестри, ќерки на Никифор, што од своја страна би значело дека Теодора не е мајка на Христофор, бидејќи синот не може да се ожени за сестрата на мајка си. Така според Вениер, Христофор најверојатно е производ во претходен брак на царот, а Теодора е втора сопруга на Роман I.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Елена Лакапина
Византиска царица
920–922
со Елена Лакапина (920–922)
Наследник
Елена Лакапина