Прејди на содржината

Срценица

Од Википедија — слободната енциклопедија
{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Leonurus|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}
Срценица
Научна класификација [ у ]
Непознат таксон (попр): Leonurus
Вид: Срценица
Научен назив
Leonurus cardiaca
L.[1]

Срценица или ѓаволска уста (латински: Leonurus cardiaca) – повеќегодишна зелјеста лековита билка, со ромпски врежани листови и двоусни цветови со розовкави влакнести круници. Научното име Leonurus потекнува од грчките зборови леон - лав и ура - опашка, бидејќи соцветието личи на лавја опашка. Родот Leonurus опфаќа 15 вида, претежно распространети во Азија

Легенди за потеклото

[уреди | уреди извор]

Постојат две познати легенди за потеклото на билката. Според едната, ѓаволската уста (или уште домашна коприва) доаѓа од внатрешните делови на Азија. Приказната раскажува дека мало момче барало лек за својата болна мајка и група монаси го насочиле кон лековитото растение. Други сметаат дека ѓаволската уста доаѓа од Грција. Според легендата во Античка Елада имало гратче, каде Грците пиеле вода од извори, опкружени со ливади со ѓаволска уста. И бидејќи жителите на населбата живееле до над 100 години, сите одлучиле дека тоа се должи на лековитите својства на магичното растение.[2]

Повеќегодишна зелјаста билка со кратки дрвенести, хоризонтален ризом. Стеблото е разгрането, исправено, црвенкавовиолетово, покриено со кратки влакна. Листовите прстесто делени на 3-7 грубо назабени делови, лицето голо, наличјето со кратким влакна. Цветовите се седечки, по 10-20 во пршлените. Круницата е бело розовкава, влакнеста. Долната усна е поделена на 3 дела со бледожолта боја со мркоцрвени пеги. Свежата билка има неугоден мирис.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Расте на сушни ливади и пасишта, покрај патишта.

Срценицата се користи во лекување на анемија, (гасови во цревата), тешко мокрење, главоболка, замор, стрес, за намалување на крвниот притисок. Листовите помагаат при изгореници, затоа подгответе облоги од нив. Билката е позната уште како добар помошник кај женските проблеми - ја ублажува болната менструација, спречува инфекции на матката, лечи неплодност, помага за полесно преминување низ климактериум. Во кинеската медицина исцелители ја применувале при нередовен циклус, како и при други повреди на половиот систем. Познато е дека срценицата има смирувачки ефект врз мазната мускулатура, што ја прави корисна и за срцето. Tаа исто така го зајакнува нервниот систем и има релаксирачки ефект. Во повеќето случаи лековитото растение се комбинира со други билки.[2]

  1. Linnæus, Carolus (1753). Species Plantarum. 2. Holmia: Laurentius Salvius. стр. 584.
  2. 2,0 2,1 „Билка „ѓаволска уста" – За што ја користела кинеската медицина?“. Фактор. 7 април 2015. Посетено на 26 декември 2019.