Анатолиј Карпов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Додава: simple:Anatoly Karpov
Ред 40: Ред 40:
[[ro:Anatoli Karpov]]
[[ro:Anatoli Karpov]]
[[ru:Карпов, Анатолий Евгеньевич]]
[[ru:Карпов, Анатолий Евгеньевич]]
[[simple:Anatoly Karpov]]
[[sk:Anatolij Jevgenievič Karpov]]
[[sk:Anatolij Jevgenievič Karpov]]
[[sl:Anatolij Karpov]]
[[sl:Anatolij Karpov]]

Преработка од 16:21, 12 март 2010

Анатолиј Карпов

Анатолиј Евгениевич Карпов, шахист (роден на23 мај 1951 во Златоуст) е еден од најзначајните претставници на советскиот шах во 70-тите и 80-тите,како и на рускиот шах во 90-тите. Научил да игра шах во родниот Златоуст гледајќи ги партиите на турнирите што се одржувале, а потоа се зачленува во градската шаховска школа. Многу бргу напредува, па веќе на 24 години во 1975 година станува светски првак во шах. Титулата светски првак ја задржува до 1984 година кога во маратонски меч по 48 партии од кои 24 последователни реми партии против Гари Каспаров бара мечот да биде одложен за наредната 1985 година кога убедливо ја губи титулата светски првак во шах. Во тој интервал од 10 години два пати успева да ја одбрани титулата со тесен резултат во 1978 и во 1981 година. Во 1978 година против Виктор Корчнои со победа од 6-5 ја задржува титулата светски првак во шах. По 1985 Карпов останува најдобар, но во сенка на извонредниот Гари Каспаров. Во година Карпов повторно станува светски првак во шах со победата над Јан Тиман која што ја брани два пати, во 1996 година против Гата Камски и во 1998 година против Вишванатан Ананд.