Јовица Тасевски - Етернијан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
EvLa (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 39: Ред 39:
==Надворешни врски==
==Надворешни врски==
[http://makedonija.rastko.net/delo/12267 „Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан]
[http://makedonija.rastko.net/delo/12267 „Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан]

[http://eternijan.blogspot.com Блог на Јовица Тасевски - Етернијан]
[http://eternijan.blogspot.com Блог на Јовица Тасевски - Етернијан]



Преработка од 15:19, 8 јануари 2010

Јовица Тасевски - Етернијан

Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society) и Светското поетско друштво.[1]

Литературно творештво

  • „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
  • „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
  • „Веда“ (поезија, 1998)
  • „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
  • „Клатно“ (поезија, 2001)
  • „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
  • „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
  • „Синтакса на светлината“ (поетски избор, 2008)

Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11.12.2000). Ја има составено и антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).

Врз основа на неговата поезија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес беше изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска (2005).

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и преведена е на англиски, полски, романски, грчки, српски, хрватски и словенечки јазик.

Надворешни врски

„Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан

Блог на Јовица Тасевски - Етернијан

Извори

Предлошка:МакЛит