Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Животопис: дополнување
Ред 2: Ред 2:


==Животопис==
==Животопис==
Во воведот на својата книга „[[Разговори со Гете]]“, Екерман дава податоци за својот живот. Тој е роден во [[Винзен (Луе)|Винзен на Луе]], [[Харбург (округ)|Харбург]], во сиромашна куќа со една просторија во која се греело и без скали. Како најмладо дете од вториот [[брак]] на татко му, тој растел осамено. Од првиот брак, татко му имал два сина: едниот бил морнар, а завршил во ропство некаде низ светот; другиот долго време живеел на [[Гренланд]] како ловец на [[китови]] и [[ајкули]], а потоа се вратил во [[Хамбург]] каде живеел скромен живот. Од вториот брак на татко му имал две постари сестри кои го напуштиле домот кога тој имал 12 години и работеле како слугинки во родното место и во Хамбург. Неговото семејство било многу сиромашно: имало малку земја и една крава, мајка му заработувала така што шиела [[Капа|капи]] за жените, а татко му имал мал [[Трговија|трговски]] дуќан поради што често бил отсутен од домот. Јохан Петер Екерман имал тешко детство зашто постојано морал да работи тешки земјоделски и домашни работи, а кога пораснал го придружувал татко си во неговите патувања.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 89-90.</ref>
Јохан Петер Екерман е роден во [[Винзен (Луе)|Винзен]], [[Харбург (округ)|Харбург]], во сиромашно [[семејство]].{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} Учествувал како доброволец во [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]] (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во [[Хановер]]. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}

Учествувал како доброволец во [[Наполеонови војни|Наполеоновите војни]] (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во [[Хановер]]. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во [[Гимназија|гимназијата]] во Хановер, а потоа студирал [[право]] на [[Универзитет во Гетинген|Универзитетот во Гетинген]], но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}} В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie'') и така започнала нивната соработка,<ref>[https://theoryofcolor.org/Physical+Colours#footnotenotel Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L]</ref> а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.</ref> а неколку години му бил учител на синот на големиот [[војвода]]. Во 1830 година заминал на пат низ [[Италија]], заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.{{sfn|Chisholm|1911|p=885}}


==Творештво==
==Творештво==

Преработка од 00:17, 19 февруари 2021

Јохан Петер Екерман (германски: Johann Peter Eckermann, 21 септември 1792 - 3 декември 1854) — германски писател.

Животопис

Во воведот на својата книга „Разговори со Гете“, Екерман дава податоци за својот живот. Тој е роден во Винзен на Луе, Харбург, во сиромашна куќа со една просторија во која се греело и без скали. Како најмладо дете од вториот брак на татко му, тој растел осамено. Од првиот брак, татко му имал два сина: едниот бил морнар, а завршил во ропство некаде низ светот; другиот долго време живеел на Гренланд како ловец на китови и ајкули, а потоа се вратил во Хамбург каде живеел скромен живот. Од вториот брак на татко му имал две постари сестри кои го напуштиле домот кога тој имал 12 години и работеле како слугинки во родното место и во Хамбург. Неговото семејство било многу сиромашно: имало малку земја и една крава, мајка му заработувала така што шиела капи за жените, а татко му имал мал трговски дуќан поради што често бил отсутен од домот. Јохан Петер Екерман имал тешко детство зашто постојано морал да работи тешки земјоделски и домашни работи, а кога пораснал го придружувал татко си во неговите патувања.[1]

Учествувал како доброволец во Наполеоновите војни (1813-1814), а потоа работел како секретар во воениот оддел во Хановер. Во 1817 година, на возраст од 25 години, тој се запишал во гимназијата во Хановер, а потоа студирал право на Универзитетот во Гетинген, но во 1822 година, по една година студирање, ги напуштил студиите.[2] В0 1823 година, Екерман му го испратил на Гете својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (Beiträge zur Poesie) и така започнала нивната соработка,[3] а набргу се преселил во Вајмар каде работел како приватен учител. Притоа, во текот на девет години, тој му бил личен секретар на Гете,[4] а неколку години му бил учител на синот на големиот војвода. Во 1830 година заминал на пат низ Италија, заедно со синот на Гете. Во 1838 година бил назначен за војводски советник и библиотекар на војвотката.[2]

Творештво

Екерман е најпознат по својата книга „Разговори со Гете“ (Gespräche mit Goethe) која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.

Наводи

  1. „Увод“, во: J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 89-90.
  2. 2,0 2,1 Chisholm 1911, стр. 885.
  3. Goethe's Theory of Colours, Part II: Physical Colours, Eastlake's Note L
  4. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Rad, Beograd, 1960, стр. 85.