Историја: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава tt:Тарих
Ред 269: Ред 269:
[[kab:Amezruy]]
[[kab:Amezruy]]
[[roa-tara:Storie]]
[[roa-tara:Storie]]
[[tt:Тарих]]
[[te:చరిత్ర]]
[[te:చరిత్ర]]
[[th:ประวัติศาสตร์]]
[[th:ประวัติศาสตร์]]

Преработка од 23:50, 4 март 2013

Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Историски извори

Историчарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.

Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), оралната историја (во вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори.Предметите и пишаните сведоштва за животот и дејноста на луѓето во минатото се викаат историски извори.Изворите се делат на материјални и пишани.Исто така се користат и усните кажувања за минатото.Материјалните извори се разновидни.Во нив спаѓаат стари орудија,садови,пати,облека,накит,уметнички дела и други.Материјалните остатоци се многу драгоцени.Затоа се чуваат во музеите,а некои,како остатоци од градбите,се наоѓаат на местото каде што се откриени.

Во пишаните историски извори спаѓаат извештаи,патописи,писма,записи,весници,книги...Тие се чуваат на разни места:во библиотеки,музеи,архиви и на други места.Пишаните извори се многу сигурни и даваат значајни податоци за минатото.

Во усните кажувања спаѓаат разни кажувања за историски настани кои се пренесуваат усно од генерација на генерација.На пример,тука спаѓаат легендите,митовите и песните.Во нив има доста неточности,измислени настани и личности,па историчарите ги користат многу внимателно.

Поделба по периоди

Праисторија

  • варварско време, во општествените односи превладува родовско-племенско уредување

Историја (од појава на писмото)

  • среден век - после падот на Западното Римско царство во Европа започнува среден век.

Средниот век се дели на:


Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот

На полето на уметноста Новиот век се дели на:

Посебни истории

Историја на области или народи

Историја се може да се проучува според областити или народи:

Историја на Европа

Историја на Северна и Јужна Америка

Историја на Азија

Историја на Африка

Историја на Австралија

Предлошка:Link FA