Обоа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Робот: Додава hy:Հոբոյ
с r2.6.6) (Робот: Додава als:Oboe
Ред 33: Ред 33:


[[af:Hobo]]
[[af:Hobo]]
[[als:Oboe]]
[[be:Габой]]
[[be:Габой]]
[[bg:Обой]]
[[bg:Обой]]

Преработка од 15:09, 3 март 2013

Обоа
современа обоа
современа обоа
современа обоа
Класификација
Скала
Сродни инструменти


Обоа, (скратено Ob.) е дрвен дувачки инструмент со двојно јазиче од трска, со вообичаена должина од 62 см.[1]

Градба

На прв поглед таа е најслична на кларинетот, но на почетниот дел на цевката се наоѓа едно кратко метално цевче во кое е вденато јазичето, додека проширувањето во вид на инка на крајот на цевката е многу помало отколку кај кларинетот. Звукот што произлегува од двојното јазиче е по малку назален и остар, како и сразмерно продорен, поради што обоата понекогаш се нарекува и труба на дрвените музички инструменти. Меѓутоа, овој инструмент може да звучи и нежно и топло, идилично и трогателно, а тоа е и улогата која типично и се доделува во класичната музика. Исто така, типична за неа е и мелодичноста со ориентален призвук (сцената во храмот во оператаАида“ на Џузепе Верди), поради асоцијациите со сличните инструменти (зурла и др.).

Обоата е мелодиски инструмент и во оркестарот често ги има водечките теми, а нејзиниот јасен, гласен и интонативно прецизен звук се зема и како меродавна интонација за штимање на оркестрите, кога најпрво се слуша обоата според која се штимаат и другите инструменти. Виртуозно-техничките бравури, кои често им доделуваат на кларинетот и флаутата, на обоата помалку и одговараат, а нејзиниот опсег е помал.

Историјат

Обоата настанала од еден вид средновековен шалмај, кој по Европа се ширел под влијание на Арапите во Шпанија, почнувајќи од VIII век. Напуштањето на наусникот, во кој кај тие инструменти, како во чашка, се сместувало јазичето ја означила големата промена во можноста за пофино нијансирање на звукот и неговата изразност. Во текот на 19. век обоата е усовршена со додавање механизам на лостови и затворачи.

Други видови

Обоата се јавува уште во неколку регистерски варијанти и тоа како oboa d'amore (герм.: Liebeshoboe, фр.: hautbois d'amour, анг.: oboe d'amore , рус.: гобой д'амур) сo пишан опсег од b до e3 (f3), и две во послаба употреба: сопран обоа (итал.: oboa soprano, герм.: piccolo Heckelphon, фр.: hautbois soprano, анг.: oboe soprano, рус.: малый гобой) со пишан опсег од hes до f3 (звучи за мала терца пониско) и баритон обоа (итал.: oboa baritono, герм.: Heckelphon, фр.: hautbois baritone, анг.: oboe baritone, рус.: баритоновый гобой) со опсег од b до e3 (звучи за октава пониско). Сепак, од сите регистерски варијанти, најзначајаен е англискиот рог.

Наводи

Предлошка:Link GA