Птици: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
{{Link FA|fr}}
Bukaj (разговор | придонеси)
pl
Ред 38: Ред 38:
{{Link FA|fr}}
{{Link FA|fr}}
{{Link FA|sl}}
{{Link FA|sl}}
{{Link FA|pl}}


[[af:Voël]]
[[af:Voël]]

Преработка од 13:14, 20 април 2008

Птици
Домашно врапче (Passer domesticus)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Класа: Aves
Карл Лине, 1758
Ред

Повеќе (види подоле)

Птиците (лат. Aves) се двоножни, топлокрвни животни, чија главна карактериситка се пердуви на телото, предни екстремитети модифицирани во крила и шупливи коски.

Птиците се среќаваат во различни големини: од ситните колибри до огромните емуа и ноеви. Од таксономска гледна точка, постојат околу 8,800 до 10,200 видови на живи птици (како и околу 120 до 130 кои се веќе исчезнати) во светот, што ги прави најраспространетата класа на копнени ‘рбетници.

Птиците се хранат со нектар, растенија, семиња, инсекти, риби, или со други птици. Повеќето птици се активни во текот на денот. Некои птици, како бувот на пример, се активни во текот на ноќните (поточно самрачни) часови. Многу птици мигрираат на долги растојанија за да живеат во еднакви услови. Некои, пак, го поминуваат скоро целиот свој живот до морето.

Карактеристични белези за птиците се коскен клун без заби, несењето и инкубацијата на цврсти, варовнички јајце клетки, висок степен на метаболизам, и лесен, но цвест скелет. Повеќето птици летаат, иако некои од нив, како тркачките птици и неколку други видови кои живеат претежно на островите ја загубиле оваа способност. Во нелетачки птици спаѓаат и пингвините, ноевите, кивите и исчезнатите додои. Нелетачките птици се изложени на опасност од истребување ако луѓето или некои други цицачи се населат во нивното живеалиште, односно биотоп. На пример, моата од Нов Зеланд е истребена како резултат на човековото влијание.

Птиците се меѓу најпроучуваните животински групи. Стотици академски журнали и илјадници научници се посветени на истражувањето на птиците, додека аматерските ентузијасти (наречени птичари) се милиони.

Таксономија (систематика) на птиците

Птиците образуваат класа чиешто научно име е Aves. Првичните видови на класата Aves веројатно живееле во периодот Јура.

Според најновиот консензус, класата птици и нејзината сестринска група, редот Кокодили (Crocodilia), заедно формираат група со неименувано и сеуште непознато ниво - Архосаурија (Archosauria).

Класата птици од порано е разделена на две супередови - Paleognathae (главно нелетачки птици како ноевите) и пораспространетата Neognathae, која ги содржи сите останати видови на птици.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA