Телевизија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава km:ទូរទស្សន៏; менува cs:Televize (médium) |
с r2.7.2) (Робот: Менува da:Fjernsyn |
||
Ред 69: | Ред 69: | ||
[[cs:Televize (médium)]] |
[[cs:Televize (médium)]] |
||
[[cy:Teledu]] |
[[cy:Teledu]] |
||
[[da: |
[[da:Fjernsyn]] |
||
[[pdc:Guckbax]] |
[[pdc:Guckbax]] |
||
[[de:Fernsehen]] |
[[de:Fernsehen]] |
Преработка од 12:16, 7 мај 2012
Браун HF 1, Германија, 1958 г. | |
Изумител | Фило Фарнсворт Владимир Зворикин Џон Логи Берд |
---|---|
Излегол | 1923 |
Достапен? | Ширум светот |
Телевизија е насекаде познат телекомуникациски медиум за испраќање (емитување) и примање слики, тие можат да бидат и монохроматски („црно бели“/еднобојни) или во боја, обично овиее слики се придружени со звук. „Телевизија“ може да се однесува и на направата која се користи за гледање телевизија, телевизорот. Зборот доаѓа од помешано латински и грчки, што значи „далекувид“: грчки tele (τῆλε), далеку, и латински visio, вид (од видео, vis- да видиш или да видиш во прво лице).
Постои аналогна и дигитална телевизија.
Историја на телевизијата
- 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот Паул Нипков (1860-1940). Ротирачкиот диск претходно е во катодна цевка.
- 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар Карл фердинанд Браун (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
- 1926 г.-Џон Лоџи Берд (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
- 1929 г.-ББЦ (Бритиш Броадкестинг Корпорејшн) во доцните ноќни часови ги емитува 30-линиските слики на Берд.
- 1930 г.-Звукот е додаден на сликите на Берд.
- 1932 г.-Првата практична телевизиска камера ја прикажал Американецот со руско потекло Владимир Козма Зворикин (1889-1982). За разлика од Бердовата механичка, неговата била во целост електронска.
- 1950 г.-Телевизија во боја воспоставува американската компанија CBS.
- 1954 г.-Основана е Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа.
- 1960-1961 г.-Целосно транзисторирана телевизија првпат е воведена во САД.
- 1962 г.-Први прекуокеански слики се пренесени во живо преку комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА.
- 1970 г.-Директен пренос од сателит со висока телевизиска дефиниција (HDTV) го оствари јапонската телевизиска мрежа NHK.
- 1973 г.-Кифекс, информативен систем кој се служи со резервни линии од 625-линискиот телевизиски систем (телетекст) воспоставен е во Британија.
- 1979 г.-Прв редовен систем за емитување преку сателит (DBS) е воведен во Канада. За прием на емисии потребна е антена.
- 1979 г.-Џепен телевизор е изум на јапонската компанија Мацушита. Телевизорот не е поголем од видео-касета.
- 1980 г.-CNN (кабловска мрежа за вести) званично почнала да функционира од јуни. Оваа американска ТВ станица преку сателит праќа непосредни извештаи од кризните подрачја во светот.
- 1981 г.-Камкордер револуционерно го менува телевизиското новинарство.
- 1991 г.-Хај-вижн, телевизија со висока дефиниција, осум часа на ден ја емитува јапонската NHK.
- 1999 г.-Дигиталната ТВ овозможува значително зголемување на бројот на канали.
Видете исто така
Оваа статија за телевизија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |