Мигел де Сервантес: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: sq:Miguel de Cervantes
FoxBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Робот: Додава sc:Miguel de Cervantes
Ред 111: Ред 111:
[[ru:Сервантес, Мигель де]]
[[ru:Сервантес, Мигель де]]
[[sah:Мигел де Сервантес]]
[[sah:Мигел де Сервантес]]
[[sc:Miguel de Cervantes]]
[[sq:Miguel de Cervantes]]
[[sq:Miguel de Cervantes]]
[[scn:Miguel de Cervantes]]
[[scn:Miguel de Cervantes]]

Преработка од 22:32, 4 февруари 2012

Мигуел де Сервантес (9 октомври 1547 - Мадрид, 23 април 1616), прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. Овој роман е преведен на сите светски јазици. Ги напиша и романите „Галатеу“ и „Персилеса и Сигисмунду“.

Она што е Данте за средниот век, така епохата на ренесансата ја опфаќаат Сервантес и Шекспир. Живееле во ист период, и умреле иста година, а според некои преданија, дури и во ист ден. И двајцата оставиле во своите генијални дела не само пластична слика на својата епоха, туку и типови кои живеат и денес, и кои нема да умрат додека постои човештвото. Поради тоа нивните дела имаат општочовечко значење.

Биографија

Како што обично бива, дури подоцнежните поклоници се зафатиле да ја установат неговата биографија, па многу моменти од неговиот живот и до денес останале неосветлени. До денес е спорно прашањето каде се наоѓа неговиот гроб, каде се наоѓа затворот во кој го замислил својот роман (според сопственото признание), а не се знае ни поради што бил затворен.

Роден е во старо, познато но осиромашено семејство. Учел на Саламинскиот универзитет, а потоа стапил во служба на кардиналот Аквиви, со кого дошол во Италија. Го напуштил и пристапил кон соединетата флота испратена против Турците.

Од тој момент почнуваат чудните доживувања на големиот писател. Учествувал во познатата битка на Лепантскиот Залив, каде му била онеспособена левата рака. Како херој, го испратиле дома со препорака за кралот, но таа препорака му донесла несреќа, затоа што бродот го заробиле Турците. За Сервантес мислеле дека е голем шпански аристократ, и надевајќи се на богат откуп, го изложиле на страшни маки. Безуспешно организирал бегство, а кога родителите испратиле пари, тој го пуштил брат му (кој бил исто така заробен) да си оди.

Турците убивале секој ден по еден христијанин, но Сервантес не го казнувале за ништо. Така тој почнал да готви план за востание на сите христијански робови во Алжир. На крајот, роднините и пријателите успеале да ја соберат сумата потребна за откуп, и го ослободиле.

Драмите кои ги напишал не го прославиле во тоа време, па цел живот останал сиромашен. Пет години од неговиот живот воопшто не се познати, а тоа е времето кога излегол од печат првиот дел на Дон Кихот. Иако цела Шпанија го читакла, тој умрел во беда.

За романот „Дон Кихот

Самиот Сервантес кон крајот на вториот дел вели дека немал друга цел со овој роман освен да ги исмее лажните и неубави витешки романи, кои се разликуваат од вистината. Тоа била тешка задача, затоа што во тоа време биле многу распространети таквите романи, што ни царот ни разумните луѓе не можеле да ги забранат. Тоа што не можеле тие, го сторил еднаш засекогаш сатиричниот роман на Сервантес. „Дон Кихот“ засекогаш ја убил витешката книжевност, т.е. откако излегол првиот дел од романот, повеќе не е отпечатен ниеден витешки роман. Како Сервантес го постигнал тоа?

Тој ни прикажува еден несреќен, безумен, но необичен човек. Дон Кихот е длабок мислител, човек со возвишена душа, со високи идеали и благороден. Сервантес го прикажал врз него погубното влијание на тогашната книжевност.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA