Крис Бош: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: simple:Chris Bosh
с r2.6.1) (Бот Додава: sh:Chris Bosh
Ред 39: Ред 39:
[[ru:Бош, Крис]]
[[ru:Бош, Крис]]
[[simple:Chris Bosh]]
[[simple:Chris Bosh]]
[[sh:Chris Bosh]]
[[fi:Chris Bosh]]
[[fi:Chris Bosh]]
[[sv:Chris Bosh]]
[[sv:Chris Bosh]]

Преработка од 19:24, 24 јуни 2011

Крис Бош на доделување на музички награди во 2007.

Крис Бош (англиски: Chris Bosh) (роден 24 март 1984 во Далас, Тексас) е американски професионален кошаркар кој настапува во НБА лигата за тимот Торонто Рапторс. Тој ја поминува целата негова досегашна кариера во Торонто, каде се истакна како звезда по заминувањето на Винс Картер. Бош не беше доволно зрел да биде лидер, но тој беше потребен на распаднатиот тим и се истакна на тој начин. Тој има настапено на „ол-стар“ натпреварот три сезони по ред, го донесе својот тим во „плеј-оф“ разигрувањето две години со ред. Клучни моменти во развитокот на Бош како лидер на „Рапторси“ се два на број:

1. Таканаречениот „инцидент со крпата“ - Во сезоната 2004/2005, кога Бош и Картер беа соиграчи, и заедно седеа на клупата за време на четвртата четвртина, во пораз против противнички тим, и Крис беше видливо вознемирен, Картер нежно фрли со крпа по него за да му укажи да се навикни на поразите, Бош скокна, ја фрли крпата и си замина од арената.

2. Првата дупла техничка на Бош - Во 2005/2006, после досуден фаул кој Бош го сметаше неправеден, и после мала кавга со судијата, Бош беше исфрлен од натпреварот, и во ходникот, незнаејки дека објективите на камерите сѐ уште го следат, Бош го клоцна ѕидот, покажувајки анти-американски дух кој Канаѓанците обожаваат.