Индекс на човековиот развој: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
FoxBot (разговор | придонеси)
Ред 114: Ред 114:
[[sk:Index ľudského rozvoja]]
[[sk:Index ľudského rozvoja]]
[[sl:Indeks človekovega razvoja]]
[[sl:Indeks človekovega razvoja]]
[[ckb:بنەمای پەرەسەندنی مرۆڤی]]
[[sr:Индекс хуманог развоја]]
[[sr:Индекс хуманог развоја]]
[[sh:Indeks ljudskog razvoja]]
[[sh:Indeks ljudskog razvoja]]

Преработка од 10:03, 28 јануари 2011

Индексот на човековиот развој (ИЧР) е показател кој се пресметува преку нормализирани вредности на очекуваниот животен век, писменоста, образованието и БДП по глава на жител за населението во една земја. Тоа е стандарден начин за пресметување на човековиот развој во една земја, концепт кој според УНДП би требало да ги прошири опциите на луѓето и да им даде поголеми можности за образование, здравствена заштита, приходи, вработување, итн. Основен начин на употреба на ИЧР е да ги рангира земјите според тоа дали се развиени, во развој или неразвиени.

ИЧР бил развиен во 1990 од пакистанскиот економист Махбуб ул Хак и Ричард Џоли од универзитетот Јејл од САД, со помош на Густав Ранис и Мегнад Десаи. Од 1990 се употребува од Обединетите нации во нивниот годишен извешта за човеков развој.

ИЧР комбинира три фактори:

  • Очекуван животен век при раѓањето, како показател на здравјето и долговечноста на популацијата,
  • Знаење и образование, мерено преку писменоста на возрасните (како 2/3 од тежината) и вкупното запишување во примарно, секундарно и терцијарно образование (како 1/3 од тежината),
  • Животниот стандард, изразен преку природен логаритам од бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во УСД.

Вредноста на ИЧР може да се движи од 0 до 1. Вредности под 0,5 се смета дека претставуваат низок степен на развој на земјата. Сите земји со ИЧР под 0,5 се во Африка. ИЧР од 0,8 и повеќе се сметаат за развиени. Ова ги вклучува сите развиени земји од Северна Америка, Западна Европа, Источна Азија, како и некои земји во развој од Источна Европа. Седум земји, меѓу кои и Македонија, од 2007. година преминале во оваа група.

Во продолжение се дадени првите 30 земји во светот како што се рангираат според ИЧР во извештајот на ОН за 2007/2008:

  1.  Исланд 0.968 ()
  2.  Норвешка 0.968 ()
  3. Австралија Австралија 0.962 ()
  4.  Канада 0.961 ( 2)
  5.  Ирска 0.959 ( 1)
  6.  Шведска 0.956 ( 1)
  7.  Швајцарија 0.955 ( 2)
  8. Јапонија 0.953 ( 1)
  9.  Холандија 0.953 ( 1)
  10.  Франција 0.952 ( 6)

  1.  Финска 0.952 ()
  2.  САД 0.951 ( 4)
  3.  Шпанија 0.949 ( 6)
  4.  Данска 0.949 ( 1)
  5.  Австрија 0.948 ( 1)
  6.  Белгија 0.946 ( 4)
  7.  Обединето Кралство 0.946 ( 1)
  8.  Луксембург 0.944 ( 6)
  9. Нов Зеланд Нов Зеланд 0.943 ( 1)
  10.  Италија 0.941 ( 3)

  1.  Хонгконг 0.937 ( 1)
  2.  Германија 0.935 ( 1)
  3. Израел Израел 0.932 ()
  4.  Грција 0.926 ()
  5. Сингапур Сингапур 0.922 ()
  6.  Јужна Кореја 0.921 ()
  7.  Словенија 0.917 ()
  8.  Кипар 0.903 ( 1)
  9.  Португалија 0.897 ( 1)
  10. Брунеј Брунеј 0.894 ( 4)