Пустина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: fiu-vro:Kõrbõ
с Бот Додава: si:කාන්තාර
Ред 162: Ред 162:
[[sq:Shkretëtira]]
[[sq:Shkretëtira]]
[[scn:Disertu]]
[[scn:Disertu]]
[[si:කාන්තාර]]
[[simple:Desert]]
[[simple:Desert]]
[[sk:Púšť]]
[[sk:Púšť]]

Преработка од 04:34, 22 јануари 2011

Пустина е секое место на Земјата во кое нема услови за живот.Зборот пустина произлегува од латинскиот збор desertum, кое означува ненаселено место.

Пустина со бел песок

Пустините се копнени подрачја кои имаат помалку од 250 мм врнежи годишно. Тоа се соголени предели со незабени висови, карпести кањони и рамнини покриени со чакал и дини. Пустина е подрачје кое поради големата влага нема вегетација. Иако пустините се познати по теоријата дека има многу малку живот, сепак во пустините има развиен животински свет.

Ерозијата на пустините создава карактеристични облици, а ја предизвикуваат силни ветрови, големи разлики во температурата меѓу денот и ноќта и повремени води кои бликаат. Пустините покриваат околу 12% од копното, а уште третина се претвара во пустина (дезертификација).

Видови пустини

  • Континентални пустини, најчесто се создаваат бидејќи се предалеку од морето, па ветровите не им носат дождови. Ветрот преминува илијадници километри пред да стигне до тие пустини, а за тоа време, додека да стигне до нив ја губи својата влага. Најпозната континентална пустина е и воедно најголемата на светот пустина - Сахара.
Сахара
  • Пустини “позади планини“, се такви пустини кои најчесто се создаваат позади планинските венци. Додека ветрот преоѓа преку планините, влагата која ја носи паѓа како дожд, а од друга страна пак ветрот е сув. Најпозната пустина од овој тип е Атакама во Чиле.
  • Ледени пустини

Поларните пустини се оние пустини на кои годишното количество на дожд изнесува околу 250 милиметра и оние кои средната температура во најтоплите денови изнесува 10° С. Најпозната пустина од овој тип е Сувата долина на Антартикот.

Песочни дини

Песочни дини

Песочните дини се создаваат на зарамнети подрачја. Висината им варира од неколку метри до 200 м, а можат да бидат широки и до 900 м. Постојат неколку типа на песочни дини:

  • Бархани, односно дини со кикиришка и два рога кои најмногу се високи до 30 м. Тие се секогаш во движење;
  • Сеифи, односно долги песочни гребени на места сиромашни со песок, а со силни ветрови. Можат да бидат високи и до 215 м.
  • Попречни дини, односно овие песочни гребени се раздвоени со длабоки ровови. Тие се создаваат под прав агол во однос на правецот на ветерот;
  • Ѕвездести дини, односно се создаваат од повеќе дини кога се среќаваат неколку гребени, а ветрот дува од различни страни односно правци;

Најголеми пустини

Пустина Плоштина (км²)
Сахара (Африка) 9 000 000
Арапска пустина (Азија) 2 300 000
Гоби (Азија) 1 200 000
Калахари (Африка) 580 000
Австралиска пустина (Австралија) 414 000
Каракум (Азија) 350 000
Такламакан (Азија) 344 000
Сонора (Северна Америка) 312 000
Намиб (Африка) 310 000
10° Тар (Азија) 260 000

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA