Индекс на човековиот развој: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с r2.5.1) (Бот Додава: mr:मानवी विकास निर्देशांक |
с Бот Додава: lo:ດັດສະນີການພັດທະນາມະນຸດ |
||
Ред 91: | Ред 91: | ||
[[ka:ადამიანის განვითარების ინდექსი]] |
[[ka:ადამიანის განვითარების ინდექსი]] |
||
[[kk:Адам даму индексі]] |
[[kk:Адам даму индексі]] |
||
[[lo:ດັດສະນີການພັດທະນາມະນຸດ]] |
|||
[[la:Index Evolutionis Humanae]] |
[[la:Index Evolutionis Humanae]] |
||
[[lv:Tautas attīstības indekss]] |
[[lv:Tautas attīstības indekss]] |
Преработка од 04:07, 19 јануари 2011
Индексот на човековиот развој (ИЧР) е показател кој се пресметува преку нормализирани вредности на очекуваниот животен век, писменоста, образованието и БДП по глава на жител за населението во една земја. Тоа е стандарден начин за пресметување на човековиот развој во една земја, концепт кој според УНДП би требало да ги прошири опциите на луѓето и да им даде поголеми можности за образование, здравствена заштита, приходи, вработување, итн. Основен начин на употреба на ИЧР е да ги рангира земјите според тоа дали се развиени, во развој или неразвиени.
ИЧР бил развиен во 1990 од пакистанскиот економист Махбуб ул Хак и Ричард Џоли од универзитетот Јејл од САД, со помош на Густав Ранис и Мегнад Десаи. Од 1990 се употребува од Обединетите нации во нивниот годишен извешта за човеков развој.
ИЧР комбинира три фактори:
- Очекуван животен век при раѓањето, како показател на здравјето и долговечноста на популацијата,
- Знаење и образование, мерено преку писменоста на возрасните (како 2/3 од тежината) и вкупното запишување во примарно, секундарно и терцијарно образование (како 1/3 од тежината),
- Животниот стандард, изразен преку природен логаритам од бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител во УСД.
Вредноста на ИЧР може да се движи од 0 до 1. Вредности под 0,5 се смета дека претставуваат низок степен на развој на земјата. Сите земји со ИЧР под 0,5 се во Африка. ИЧР од 0,8 и повеќе се сметаат за развиени. Ова ги вклучува сите развиени земји од Северна Америка, Западна Европа, Источна Азија, како и некои земји во развој од Источна Европа. Седум земји, меѓу кои и Македонија, од 2007. година преминале во оваа група.
Во продолжение се дадени првите 30 земји во светот како што се рангираат според ИЧР во извештајот на ОН за 2007/2008:
|
|
|