Ботиаја: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Менува Категорија:Области во Античка Македонија; козметички промени |
с Бот Додава: it:Bottiea |
||
Ред 10: | Ред 10: | ||
[[es:Botiea]] |
[[es:Botiea]] |
||
[[fr:Bottiée]] |
[[fr:Bottiée]] |
||
[[it:Bottiea]] |
Преработка од 20:51, 25 октомври 2010
Ботиаја била античка област во средишниот дел на Античка Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордаја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток. Долниот тек на Халијакмон и планинските венци на Бермион и Пајак претставуваат нејзини природни граници.[1] Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област во која првиот македонски крал Пердика, според пророштвото, треба да основа град – престолнината на македонските кралеви – Ајга, а исто така тука е и втората престолнина -Пела.[2] Во римско време се споменуваат градовите: Кир, Скидра, Миеза, Ихне, Алор, Тириса и др.[3]