Прејди на содржината

Септичен артритис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Септичен артритис на глуждот како што е забележано кај дете од 3 месеци
Септичен артритис на глуждот како што е забележано кај дете од 3 месеци

Септичен артритис е интензивно болна инфекција на зглобовите во целина.

Опис на инфекцијата

[уреди | уреди извор]

Септичниот артритис најчесто ги погаѓа доенчињата и постарите лица, а најчесто страдаат колената и колковите. Најчесто е предизвикан од бактериски, габични или вирусни инфекции. Инфекцијата на зглобовите може да биде предизвикана од бактериите во друг дел од телото, кои патуваат низ крвотокот. Исто така, оваа инфекција може да се случи при силна, продорна повреда, кога бактериите доаѓаат директно во допир со зглобот. Најчест причинител на инфекцијата е бактеријата стафилококус ареус, која живее дури и на здравата кожа. Септичниот артритис може да се развие и кога има инфекција на горниот респираторен тракт или на уринарниот тракт, која се шири низ крвотокот. Поретко, инфекцијата се развива од пункција, операција или интравенозно примање дрога. Инфекцијата настанува затоа што обвивката на зглобовите (синовијалната мембрана) има мала способност за заштита од инфекции. Септичниот артритис обично предизвикува непријатност и тешкотии при користењето на заболените зглобови, кои се потечени, црвени и топли, проследено со треска. Септичниот артритис брзо и сериозно може да ги оштети 'рскавицата и коските.[1]

Третманот на септичниот артритис вклучува дренажа со помош на игла или операција. Исто така, за да се запре инфекцијата се потребни интравенозни антибиотици. Со дренажата се отстранува инфицираната течност, што е од клучно значење при лекувањето. Таа може да се извади со игла која се вметнува во зглобниот простор или преку артроскопија, кога со свитлива цевка со видеокамера се влегува во зглобниот простор. Сепак, инфицираната течност тешко се ваѓа од некои зглобови (на пример, колковите) и тогаш е потребно да се спроведе хируршка интервенција. Потоа, важно е да се идентификува видот на микробите што ја предизвикале инфекцијата, по што се даваат антибиотици, најпрво венозно, а подоцна и орално. Обично, третманот трае 2-6 недели, а употребата на антибиотиците носи ризик од несакани појави, како: повраќање, гадење, дијареа и алергиски реакции.[2]

  1. Дејан Спасовски, „Септичниот артритис сериозно може да ги оштети 'рскавицата и коските“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 10-11.
  2. Дејан Спасовски, „Септичниот артритис сериозно може да ги оштети 'рскавицата и коските“, Здравје, понеделник, 13 октомври 2014, стр. 11.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори