Сен-Луј (остров)
Островот Сен-Луј е еден од двата природни острова на реката Сена, во Париз, Франција (другиот природен остров е Ил-де-ла-Сите, додека Островот на лебедите - Ил-де-Сињ е вештачки). Островот е наречен по кралот Луј IX од Франција (Кралот Свети Луј или на француски Сен Луј).
Островот е поврзан со останатиот дел на Париз со мостови. Порано се користел како складиште сè додека не бил урбанизиран во 17-от век за време на владеењето на кралевите Анри IV и Луј XIII. Тој претставува мирна оаза среде бучниот париски центар. Има 2 автобуски станици и нема метро станица. Поголемиот дел е наменет за живеење, но има и неколку ресторани, продавници, кафулиња како и една голема црква, црквата Сен-Луј на островот.
Мостови
[уреди | уреди извор]- Мостот Сен-Луј од Ил де-ла Сите;
- Мостот де ла Турнел од Левиот брег;
- Мостот Луј-Филип Десниот брег;
- Мостот Мари од Десниот брег;
- Мостот Сили од Десниот и Левиот брег.
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Downie, David (2005), напишано во Fort Bragg, Paris, Paris: Journey into the City of Light, Transatlantic Press, ISBN 0976925109: "Island in the Seine", pp. 10-17
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- L'Île Saint Louis current photographs and of the years 1900
- Ile Saint Louis information : history and today[мртва врска]
„Île Saint-Louis“ на Ризницата ? |
48°51′06″N 2°21′23″E / 48.85167° СГШ; 2.35639° ИГД
|