Род (биологија)
Во биологијата, род (лат. genus, мн. genera) — ниж таксономски ранг со кој се класификуваат живите и изумрени организми.
Определувањето на членовите на родовите е работа на таксономите. Стандардите за родовите не се строго утврдени и затоа постојат разни класификации кај разни стручњаци. Во хиерархијата на биономната класификација, родот е над видот и под семејството.
Напатствија
[уреди | уреди извор]Бидејќи не постојат строго утврдени правила за опишувањето на родовите, таксономите немаат јасни напатствија за тоа што може да припаѓа на еден род, а што на друг. Ова не значи дека таксономите не се согласуваат за тоа што е „добар“ род. На пример, биологот Гил дава некои приближни правила што се доста ефикасни.[1] Според овие правила, едне род треба да исполни три услови за да биде описно корисен:
- монофилија – сите потомци на еден таксон се групираат заедно;
- разумен степен на компактност – родот не треба да се проширува без потреба; и
- посебност – во однос на еволутивно релевантните критериуми, како на пр. екологијата, морфологијата или биогеографијата. Треба да се има на ум дека ДНК-низите се последица од, а не услов за раздвојување на еволутивните лози, освен во случаи кога непосредно му попречуваат на протокот на гени (на пр. понаследни пречки).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gill, F. B., B. Slikas, and F. H. Sheldon. “Phylogeny of titmice (Paridae): II. Species relationships based on sequences of the mitochondrial cytochrome-b gene.” Auk 122(1): 121-143, 2005. (Google Scholar)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Nomenclator Zoologicus Архивирано на 26 ноември 2012 г. - индекс на називите на сите родови и подродови во зоолошката номенклатура од 1758 до 2004 г. (англиски)