Стојан Разловски
Изглед
(Пренасочено од Поп Стојан Разловски)
Стојан Разловски (познат и како поп Стојан) — македонски црковен деец и револуционер, духовен водач на Разловечкото востание. Роден е во пијанечкото село Разловци (Делчевско), тогаш во Османлиското Царство, денес Република Македонија. Разловски прима свештенички чин и се вклучува во борбата за национална и црковна независност. Во текот на 1875 година учествува во подготовките на Разловечкото востание. После неговото избувнување во Пијанечко, Разловски му помага на основниот организатор Димитар Поп-Георгиев Беровски. Стојан Разловски е фатен по неуспехот на востанието во Рилскиот манастир. За време на неговото одведување за Дупница тој успева да избега од чуварите и се самоубива.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Официјална страница на Музејот на македонската борба“. Архивирано од изворникот на 2012-06-17. Посетено на 2012-12-05.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |