Науел Уапи (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Науел Уапи
Lago Nahuel Huapi
Науел Уапи Lago Nahuel Huapi - Поглед на езерото од градот Барилоче
Науел Уапи
Lago Nahuel Huapi - Поглед на езерото од градот Барилоче
Поглед на езерото од градот Барилоче
Место Патагонија
Координати 41°05′25 S°71′20
Главен истек Лимајска Река
Земји во сливот  Аргентина
Најг. ширина 10,2 км
Површина 529 км2
Прос. длабочина 157 м
Најг. длабочина 438 м со можеби подлабоки места
Брежна должина1 357 км
Надм. височина на површината 765 м
Острови Викторија
Населени места Сан Карлос де Барилоче
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.


Науел Уапи (шпански: Lago Nahuel Huapi) — ледничко езеро во езерскиот крај на северна Патагонија помеѓу покраините Рио Негро и Неукен во Аргентина.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа во истоимениот национален парк „Науел Уапи“ и има површина од 529 км2, и лежи на надморска висина од 765 м. Максималната измерена длабочина од изнесува 438 м. Од езерото истекува Лимајската Река.

Езерото има кристално чиста вода и има просечна површинска температура од 7 °C. Најпопуларен спорт е кајакарството.

„Науелито“[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век, според домородните легенди во езерото постои гигантско суштество кое живее во длабочините. Чудовиштето локално е познато под името „Науелито“. Според кажувањата, тоа е слично на Неси и Изгубениот свет[1].

Месните жители од народот Мапуче го нарекуваат „ел Куеро“ (кожа) поради неговата мазна кожа. Соседното Лакарско Езеро е исто така познато како дом на друго чудовиште, слично на плесиосаурус, кое според домородците е „морска крава“ заби по целото тело.

Членовите на Зоолошката градина во Буенос Аирес при посетата на езерото во 1922 се обиделе да го пронајдат суштеството, но не нашле никакви докази.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]