Науелито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Науелито
Nahuelito.jpg
Фотографија снимена во 1988 година која наводно го прикажува ова суштество.
Подрачје Аргентина
ЖивеалиштеНауел Уапи, Патагонија

Науелито (англиски: Nahuelito) е езерско чудовиште кое наводно живее во езерото Науел Уапи во Аргентина. Како и Чудовиштето од Лох Нес, оваа суштествое опишувано е како големо змијолико суштество. Постојат неколку фотографии кои наводно го прикажуваат ова суштество.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Приказните за оваа суштество датираат од првите децении на 20 век. Од 1922 година во зоолошката градина во Буенос Аирес се обидувале да докажат дека праисториското суштество плесиосаур живее во езерата на Патагонија.[2][3]

На 17 април 2006 година, локалниот весник „Ел Кордилјерано“ известил дека анонимен фотограф испратил две фотографии кои наводно го прикажуваат ова суштество. Анонимниот испраќач напишал: Тоа не е превртено стебло. Тоа не е бран. Науелито го покажало своето лице. Езеро Науел Уапи, сабота 15 април, 9 час. Јас не давам свои лични податоци за да ги избегнам идните главоболки.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chorvinsky, Mark. „NAHUELITO, PATAGONIAN LAKE MONSTER“. NESSIE and Other Lake Monsters. strangemag.com. конс. 05. 01. 2010. 
  2. The Plesiosaur at Laguna Negra
  3. The Patagonian Plesiosaur – Photographs
  4. „Breaking News: Nahuelito Photographed“. Cryptomundo. конс. 05. 01. 2010.