Модерна архитектура
Модерната архитектура или модернистичката архитектура е термин кој се применува за да се опишат група на стилови во архитектурата кои се јавуваат во првата половина на дваесеттиот век, и стануваат доминантни по Втората светска војна. Модерните стилови во најголем дел се засноваат врз новите технологии на градење - особено употребата на стакло, челик и армиран бетон, и отфрлањето на традиционалната неокласична архитектура и стиловите кои доминираа во XIX век. [1]
Модерната архитектура продолжи да биде доминантен архитектонски стил за институционални и корпоративни објекти во 1980-тите, кога беше во голема мера заменет од страна на постмодернизмот.
Значајни архитекти важни за историјата и развојот на модернистичките движења вклучуваат Френк Лојд Рајт, Лудвиг Мис van der Rohe, Ле Корбизје, Валтер Гропиус, Константин Мелников, Ерих Менделсон, Ричард Нојтра, Луис Саливен, Герит Ритвелд, Бруно Таут, Гунар Асплунд, Арне Јакобсен, Оскар Нимаер и Алвар Алто.
Општо земено, модерната архитектура сè до 1960-тите години се состои од правоаголни згради со прави линии. По 1960-тите сè повеќе се користат слободните криви, а меѓу првите ќе ги искористи иранскиот архитект, Дариуш Борбор.
Почетоци
[уреди | уреди извор]Модерната архитектура се јавува кон крајот на XIX век како последица на револуции во технологијата, инженерството и градежните материјали, и од желбата за прекин со истористичките архитектонски правци и правење современи иновации кои се чисто функционални и нови.
Револуцијата во материјали беше прва, со употребата на обликуван лиен челик, рамно стакли и армиран бетон, за конструирање на структури кои се посилни, полесни и повисоки. Процесот за произведување на рамно стакло беше измислен во 1848, со што се овозможи производството на големи прозорци. Кристалната палата на Џозеф Пекстон во 1851 беше ран пример на можностите кои ги нудеа конструкциите од железо и стакло, и беше проследена со првата ѕид-завеса од стакло и метал во 1864. Овие иновации резултираа финално со изведбата на првиот облакодер во челичен скелетен конструктивен систем, десеткатницата Home Insurance Building во Чикаго на Вилиам ле Барон Џени во 1884.[2] Челичната рамковна конструкција на Ајфеловата кула во 1889, своевремно највисоката структура на светот, ја зграпчи имагинацијата на милиони посетители[2]
Францускиот индустријалец Франсоа Куање беше првиот кој искористи бетон армиран со железници шипки, како градежна техника.[3] Во 1853, Куање ја изгради првата армиранобетонска конструкција во светот, четирикатна куќа во предградието на Париз. Нареден значаен чекор беше и иновацијата на Елиша Отис - лифт, првпат презентиран во Кристалната палата во 1852, со што високите административни и станбени згради станаа практични за секојдневна употреба. [2] Друга важна технологија за новата архитектура беше електричното осветлување, кое во голема мера го намали ризикот од пожар, во однос на осветлувањето со плин во XIX век. [2]
Дебито на новите материјали и градежни техиники инсипирираа архитектите да ги напуштат неокласицистичките и еклектичните стилови кои доминираа со европската и американската архитектура сè до крајот на XIX век.[4] На овој раскин со минатото повикувал особено архитектонскиот теоретичар и историчар Ежен Виоле-ле-Дук. Во неговата книга од 1872 Entretiens sur L'Architecture, тој повикува на: „употреба на средствата и знаењата кои ни ги дава нашето време, без традиционални интервенции кои веќе не се соодветни, како би створиле нова архитектура. За секоја функција нејзиниот материјал, за секој материјал неговата форма и неговиот орнамент.“[5] Оваа книга ќе влијае врз цела генерациај од архитекти, вклучувајќи ги Луис Саливен, Виктор Орта, Хектор Гимар, и Антони Гауди.[6]
Раната модерна во Европа (1900-1914)
[уреди | уреди извор]Рана американската модерна (1900-1914)
[уреди | уреди извор]Подемот на Модерната во Европа и Русија (1918-1931)
[уреди | уреди извор]Ар деко
[уреди | уреди извор]Архитектонскиот стил ар деко (наречен Стил Модерн во Франција), беше модерен, но не и модернистички стил, кој сепак имаше голем број одлики на истиот - преку потребата на армиран бетон, стакло, челик, хром, и отфрлањето на традиционалните истористички модели, како стилот на убавите уметности и неокласицизмот; но за разлика од модернистичките стилови на Ле Корбизје и ван дер Рое, тој слободно се користел со раскошна декорација и боја. Ар деко ги уживаше сите симболи на модерната, светлосни блицови, изгрејсонца и зиг-заг линии. Ар деко започнал во Франција пред Првата светска војна и се рашири низ цела Европа, а низ дваесеттите и триесеттите години од дваесеттиот век станува и популарен стил во САД, Јужна Америка, Индија, Кина, Австралија и Јапонија. Во Европа, ар деко беше особено популарен за стокови куќи и кино сали, а го достигнал својот врв во 1925, за време на Меѓународната изложба на модерни декоративни и индустриски уметности, на која биле прикажани ар деко павилјони и декорации од дваесет различни држави, а само два павилјони биле чисто модернистички, павилјонот Еспири Нуво на Ле Корбизје и павилјонот на СССР на Константин Мелников.[7]
Подоцнежни дела во ар деко стилот во Франција се Гран Рекс кино салата во Париз, Ла Самаритен стоковата куќа на Анри Соваж и Социо-економскиот совет на Париз на Огист Пере.[8]
Американски модернизам - Френк Лојд Рајт, Рудолф Шиндлер, Ричард Нојтра (1919-1939)
[уреди | уреди извор]Парискиот меѓународен саем во 1937 година и архитектурата на диктатори
[уреди | уреди извор]Светскиот саем во Њујорк (1939)
[уреди | уреди извор]Втората светска војна: воени иновации и повоената реконструкција (1939-1945)
[уреди | уреди извор]Ле Корбизје и Озарениот град (1947-1952)
[уреди | уреди извор]Набргу по крајот на Втората светска војна, францускиот архитект Ле Корбизје, кој веќе имал речиси 60 години, и немал изведено проект веќе десет години, бил ангажиран од француската влада да испроектира нов станбен блок во Марсеј, кој Ле Корбизје го нарекол Unité d'Habitation (станбена единка), но популарно се нарекува „Озарениот град“, по неговата книга за футуристичко урбанистичко планирање. Според неговите проектантски доктрини, зградата имала бетонска рамка подигната над улицата на пилони, со 337 дуплекс станбени единици, поврзан во целосната мрежа на објектот како делчиња од сложувалка. Секоја станбена единица имала две нивоа и мала тераса. Внатрешните „улици“ имале продавници, градинка и други услужни единици, а на кровната тераса поставил стаза за трчање, вентилациски отвори и мал театар. Ле Корбизје го дизајнирал мебелот, теписите и ламбите кои се употребиле во зградата, сите целосно функционалистички, со единствена декорација - изборот на боја во внатрешноста која Ле Корбизје им ја оставил на станарите. „Озарениот град“ стана прототип за слични згради низ градовите во Франција и Шпанија, и заедно со неговиот радикален органски дизајн на капелата Нотр-дам-ди-О, го издигнаа Ле Корбизје во првата класа на поствоени модернистички архитекти. [9]
Поствоениот модернизам во САД (1945-1985)
[уреди | уреди извор]Меѓународниот стил во архитектурата се појави во Европа во доцните дваесетти години од минатиот век, а беше препознаен и именуван во 1932 на изложба во Музејот на модерна уметност во Њујорк организирана од страна на архитектот Филип Џонсон и архитектонскиот критичар Хенри-Расел Хичкок, но беше засенет од страна на ар деко стилот и неокласицистичките стилови. Сепак, со растот на Хитлер и Нацистите во Германија, помеѓу 1937 и 1941 најголемиот број на водечките фигури во германските движења Баухаус и Нова објективност прибегнаа во САД. Секој на свој начин, архитектите кои ја напуштаа Германија ја редефинираа модерната архитектура и ја направија доминантен стил во САД.
Поствоената модерна во Европа (1945-1975)
[уреди | уреди извор]Во Франција, Ле Корбизје ќе остане најзначаен архитект, иако тој изградил многу мал број на згради таму. Најистакнато дело на неговата подоцнежна кариера претставува манастирот на Сен Мари де ла Турет во Евро-сур-л'Арбрези. Манастирот, изграден од суров бетон, бил чист и без орнаментика, инспириран од средновековните манастири кои ги посетил за време на неговата прва посета на Италија. [10]
Модерната во Централна и Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Бразил стана пример на современата архитектура кон крајот на триесеттите години, преку работата на Лусио Коста (1902-1998) и Оскар Нимаер (1907-2012). Коста беше главен архитект на проектот за Министерството за здравство и образоване во Рио де Жанеиро, проект на кој ќе соработува и Нимаер, и на Бразилскиот павилјон на Светскиот саем во Њујорк во 1939. По крајот на Втората светска војна, Нимаер, заедно со Ле Корбизје, ќе работат заедно на концептот за Седиштетот на ОН, проект кој ќе го изработи Волтер Харисон.
Модерната во Азија и на Тихиот Океан
[уреди | уреди извор]Јапонија, исто како Европа, имаше голем недостаток на станбена архитектура по крајот на војната, поради бомбардирањето врз голем број од градовите во државата. 4,2 милиони станбени единици требаше да се заменат. Јапонските архитекти комбинираа традиционални и современи стилови и техники. Еден од најзначајните јапонски модернисти беше Кунио Маекава, кој претходно работел за Ле Корбизје во Париз до 1930. Неговата приватна куќа беше ран значаен пример на јапонскиот модернизам, комбинирајќи традиционални стилови со идеи кои Маекава ги развил работејќи за Ле Корбизје. Негови најзначајни дела се концертните хали во Токио и Кјото, и Меѓународната куќа на Јапонија во Токио, сите во чист модернистички стил.
Кензо Танге (1913-2005) работел во студиото на Кунио Маекава од 1938 до 1945, кога си отворил сопствена архитектонска фирма. Неговата прва поголема нарачка била Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима. Има испроектирано голем број на значајни административни згради и културни центри, како и бетонскиот Јојоги национален гимназиум во Токио, за потребите на Летните олимписки игри во 1964, со кров суспендиран над стадионот со челични кабли.
Данскиот архитект Јерн Уцон (1918-) кој кратко работел со Алвар Алто, ја проучувал работата на Ле Корбизје и отпатувал за САД за да го запознае Френк Лојд Рајт. Во 1957, тој ја испроектирал една од најпрепознатливите модернистички згради во светот, зградата на Сиднејската опера. Тој е познат по скулптуралните квалитети на неговите градби, и нивниот однос со пејзажот. Сиднејската опера Тој е познат за sculptural квалитети на неговите објекти, како и нивниот однос со пејзажот. Петте бетонски школки на Сиднејската опера личат на школки најдени на плажа. Операта започна со градње во 1957, но се справи со технички потешкотии при изработката на школките и проблеми со акустиката на објектот. Уцон си поднел оставка во 1966, а самата зграда не беше завршена до 1973, десет години откако се планирала да се заврши. [2]
Од модернизам до високотехнолошка архитектура, постмодернизам и структурализам (1960-2000)
[уреди | уреди извор]-
Centre Georges Pompidou, Paris, by Renzo Piano and Richard Rogers (1971–1977),
-
The Lloyds building in London, by Richard Rogers (1978–1986)
-
The HSBC Building in Hong Kong, by Norman Foster (1979–1985)
-
The Guild House in Philadelphia by Robert Venturi (1960–63)
-
The AT&T Building (now 550 Madison Avenue), New York City, by Philip Johnson (1979–84)
-
The Piazza d'Italia in New Orleans, Louisiana by Charles Moore (1974–78)
-
The Portland Building in Portland, Oregon by Michael Graves (1982)
-
The Getty Center in Los Angeles by Richard Meier (1984–97)
-
The Guggenheim Museum Bilbao in Bilbao, Spain, by Frank Gehry (1991–1997)
-
Manggha Museum of Japanese Art and Technology in Cracow, Poland, by Arata Isozaki and Krzysztof Ingarden (1994). According to Ingarden form of museum was inspired by the waves of nearby river Vistula and waves from art by Hokusai.
-
Municipal Orphanage in Amsterdam by Aldo van Eyck (1960), "Aesthetics of Number", architectural movement Structuralism.
Кон почетокот на шеесеттите години од минатиот век, меѓународниот стил сè повеќе бил предизвикуван од страна на критичари и архитекти кои сакаа архитектурата да застапува поимагинативни и поекспресивни форми, не строго врзани за функцијата. Наместо појава на единствен нов стил, некои нови градби беа во високотехнолошки стил, испробувајќи нови и оригинални материјали. Некои беа неокласични, со елементи на регионални истористички архитектонски стилови, а други џиновски структури од стакло и челик или бетонски скулптури, испробувајќи ги крајностите на сите возможни градежни технологии и материјали. Многу често, нови музеи и концертни сали беа помеѓу најдраматичните примери на новите стилови. [11]
Меѓу најзначајните примери на високотехнолошката архитектура е Центарот Жорж Помпиду, музејот на модерна уметност во Париз (1971-77), проект на тогаш два релативно непознати архитекти Рензо Пијано и Ричард Роџерс, избран помеѓу 681 различни предлози од страна на жири составено од истакнати архитекти, меѓу кои Филип Џонсон и Оскар Нимаер. Музејот наликува на огромна машина, но во реалност тој има две структури, армиранобетонска внатрешна и надворешна од челик и стакло, низ која сите функционални инсталации и елементи на објектот се видливи. Роџерс, веднаш по центарот Жорж Помпиду, го изработи проектот за зградата Лојд (уште позната и како „отпревртената зграда“) во централен Лондон (1978-86), администраивна дваесеткатница со челична конструкција која наликува на индустриска зграда составена од метални и стаклени парчиња.[12]
Британскиот архитект Норман Фостер беше уште еден важен иноватор во високотехнолошката архитектура. Неговата 78-метри висока административна HSBC зграда во Хонгконг, беше префабрикувана во Велика Британија во пет модули, направени од 30 илјади тона челик и 4,5 тона алуминиум, и беше составена во Хонгконг. Иако формално производ на високотехнолошкиот архитектонски правец, оваа зграда исто така ги прати традиционалните кинески принципи на Фенг Шуи. [2]
Зачувување
[уреди | уреди извор]Неколку дела и колекции на современата архитектура се назначени од страна на УНЕСКО како Светско наследство. Заедно со раните експерименти поврзани со Art Nouveau, тие вклучуваат голем број на објекти како што се Куќата Шредер на Герит Ритвелд во Утрехт, Сиднејската опера на Јерн Уцон, структурите од Баухаус во Вајмар и Десау, градовите Асмара и Бразилија, Белиот град во Тел Авив, Универзитетскиот град во Каракас.
Приватни организации како што се DoCoMoMO International и World Monuments Fund исто така работата на заштита и документација на загрозени дела од периодот на модернизмот. Во 2006, World Monuments Fund ја започна програмата за конзервација Modernism at Risk.
Наводи
[уреди | уреди извор]Белешки и исечоци
[уреди | уреди извор]- ↑ Tietz 1999.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Bony 2012.
- ↑ Encyclopædia Britannica - François Coignet
- ↑ Crouch, Christopher. 2000. "Modernism in Art Design and Architecture", New York: St. Martins Press. ISBN 0-312-21830-3 (cloth) ISBN 0-312-21832-X (pbk)
- ↑ Viollet Le-duc, Entretiens sur Architecture
- ↑ Bouillon 1985.
- ↑ Anwas, Victor, Art Deco (1992), Harry N. Abrams Inc., ISBN 0-8109–1926-5 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.
- ↑ Poisson, Michel, 1000 Immeubles et Monuments de Paris (2009), Parigramme, pages 318-319 and 300-01
- ↑ Journet 2015.
- ↑ Journel 2015.
- ↑ Bony, 2012 & 182–200.
- ↑ Bony, 2012 & 186-187.