Млади лавови (филм од 1958)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Младите лавови“ (англиски: The young lions) — американски филм од 1958 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk), според сценариото на Едвард Анхалт (Edward Anhalt). Филмот е снимен според истоимениот роман на Ирвин Шо од 1948 година. Главните улоги ги играат: Марлон Брандо (Marlon Brando), Монтгомери Клифт (Montgomery Clift), Дин Мартин (Dean Martin), Барбара Раш (Barbara Rush), Меј Брит (May Britt), Дора Дол (Dora Doll) и Максимилијан Шел (Maximillian Schell). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории: најдобра црно-бела фотографија (Џозеф Мекдоналд), музика (Хуго Фридхофер) и звук (Карлтон В. Фокнер). Во Филмот, Дин Мартин ја игра својата прва главна улога надвор од жанрот комедија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Непосредно пред Втората светска војна, австрискиот учител по скијање Кристијан (го игра Брандо) во Алпите ја запознава Маргарет која, соочена со националсоцијализмот, се враќа во САД. Нјезиниот љубовник, пејачот Мајкл (го игра Мартин) се обидува што подобро да помине во текот на регрутацијата во американската армија. Притоа, тој го запознава младиот Евреин Ноа (го игра Клифт) и тие двајцата се распоредени во истата единица. Претходно, Ноа само што започнал љубовна врска со Хоуп со која набрзо се венчал. Во американската армија, тој се соочува со антисемитизмот. По избувнувањето на војната, Кристијан станува германски офицер и се истакнува во Битката за освојувањето на Париз....[1]

Наводи[уреди | уреди извор]