Манџурски јазик — тунгуски јазик што се зборува во североисточна НР Кина од народ Манџурци. Јазикот го зборуваат околу 70 луѓе иако бројот на Манџурците е околу 10 милиони. Скоро сите Манџурци зборуваат кинески јазик. Води потекло од џурченскиот јазик, кој се преточил во него во XVII век.