Прејди на содржината

Коктел вишна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гро-план на мараскино вишна

Коктел вишна, мараскино вишна или марашино вишна (италијански: amareno al maraschino, англиски: maraschino cherry, МФА: /ˌmærəˈskiːnoʊ/ според италијанскиот изговор, или /ˌmærəˈʃiːnoʊ/) ― презервирана, засладена вишна, најчесто направена од светло обоени благи вишни како ројал ен или златните сорти. Вишните најпрво се конзервираат во раствор на солило (вообичаено сулфур диоксид или алкохол), а потоа се потопуваат во боја за храна (обична црвена храна за боја, FD&C Red 40), сируп од шеќер, и други компоненти. Мараскино вишните обоени црвено обично имаат вкус на бадем, додека вишните обоени зелено имаат вкус на питомо нане.

Историја

[уреди | уреди извор]

Името мараскино или марашино се однесува на вишната мараска и ликерот мараскин кој се прави од неа, во кој оригинално се презервирале мараскино вишните. Првенствено биле произведувани за и конзумирани од кралските семејства и богатите како деликатес.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Мараскино вишните се состојка во многу коктели. Како гарнир, често се користат за декорација на печена шунка, торти, колачиња, парфе, сладоледи и милкшејкови. Исто така се користат и за декорација на вафли.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • Raloff, Janet (1996-10-19). „Unnaturally red cherries -- naturally“. Food for Thought. Science News. Архивирано од изворникот на 2007-04-23. Посетено на 2007-07-04.
  • USDA (1812). „Food Inspection Decision 141. The Labeling of Maraschino and Maraschino Cherries“. California State Board of Health Monthly Bulletin. 8 (1): 11–12.