Прејди на содржината

Клитен

Координати: 51°21′N 14°36′E / 51.350° СГШ; 14.600° ИГД / 51.350; 14.600
Од Википедија — слободната енциклопедија
Клитен
Место во Боксберг
Клитен во рамките на Германија
Клитен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Град Боксберг
Основни податоци
Површина 5,29 км2
Надм. височина 134 м
Население 526  (31 декември 2008)
 - Густина 99 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02943
Повик. бр. 035895
Координати 51°21′N 14°36′E / 51.350° СГШ; 14.600° ИГД / 51.350; 14.600

Клитен или Клетно (германски: Klitten, горнолужички: Klětno) — село и поранешна општина во округот округот Герлиц, во Саксонија, Германија. Од 1 февруари 2009 година е дел од општината Боксберг. Клетно лежи во југоисточниот дел на општината во Биосферскиот горнолужички резерват и образува заедно со селото Јамно на запад како и Мала Олешница на југ затворена агломерација. Во близина се наоѓаат селата Дирбах на север, Радшовк на исток, Цимпл-Турјо на југоисток и Кошла на југозапад.

Железничката станица Клетно на линијата Хојерсверда-Герлиц лежи во соседното Јамно. Северозападно од Клетно лежи Бервалдското Езеро.

Во 19 век населението на Клетно било горнолужичкосрпско. Во 1863 година 269 жители од вкупно 382 биле Лужички Срби, додека во 1880 биле 353 Лужички Срби од вкупно 440. Ова претставува 70,4 (1863 г.) проценти наспрема 80,2 (1884 г.)

Во клетњанскиот регион се носела посебна клетњанска носија која се разликувала од другите горнолужичкосрпски народни носии.

Евангелистичка црква
Лутеранска црква