Килотоа

Координати: 0°51′40″S 78°53′50″W / 0.861193° ЈГШ; 78.897285° ЗГД / -0.861193; -78.897285
Од Википедија — слободната енциклопедија
Килотоа
Килотоа
Највисока точка
Надм. вис.3914 м [1]
Заведена какоСписок на вулкани во Еквадор
Координати0°51′40″S 78°53′50″W / 0.861193° ЈГШ; 78.897285° ЗГД / -0.861193; -78.897285
Географија
Килотоа на карта

Карта

МестоКотопакси , Еквадор
Матичен венецAndes
Геологија
Старост на карпата40,000 години
Видкупа
Последен избув1280

Килотоакупа исполнета со вода и најзападен вулкан во Еквадорските Андите. Купата од 3 километри била формирана по распадот на овој дацитен вулкан по катастрофалната ерупција со показател на вулканска избувност од 6, пред околу 800 години, кој произвел пирокластични текови и лахари кои стигнале до Тихиот Океан. Оваа последна ерупција следела по период на латентност од 14.000 години и е позната како ерупција од 1280 година[2]. Четвртата еруптивна фаза била фреатомагнатска, што укажува на тоа дека езерото веќе постоело во тоа време[3]. Купата оттогаш акумулирала длабоко кратерско езеро од 250 метри, кое има зеленикава боја како резултат на растворени минерали. Фумаролите се наоѓаат на дното на езерото и на источниот дел на вулканот се појавуваат топли извори[1].

Килотоа е туристичка локација со зголемена популарност. Патот кон врвот обично започнува со камион или автобус од градот Зумбахуа, 17 километри на југ, или почесто со автобус од Латакунга. Посетителите веќе не треба да плаќаат два долари за да ја разгледаат купата. Постојат голем број на едноставни хостели во непосредна област кои ги нудат своите услуги[4]. Активностите вклучуваат пешачење од четири до пет часа околу купата (чиј пречник е нешто над 3 км). Купестиот раб е мошне нерегуларен и достигнува максимални височини (3810 метри до севвер, 3894 метри до северозапад и 3915 метри до југоисток) во три лавини куполи. Искачувањето од 10 километри е стрмно на некои места и може да биде доста тешко, особено ако има магла.

Површината на езерото се наоѓа на 3.500 метри над морето. Вкупниот волумен на вода што се чува во езерото Килотоа е 0,35 км3. Според месните жители, нивото на езеро полека се намалува во текот на последните 10 години. Травертинските депозити се случуваат долж брегот до 10 метри над нивото на езерото (во 2000 година)[5].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Quilotoa“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2007-01-25. (англиски)
  2. Patricia A. Mothes, Minard L. Hall (2008) "The plinian fallout associated with Quilotoa's 800 yr BP eruption, Ecuadorian Andes", Journal of Volcanology and Geothermal Research, Volume 176, Issue 1, 10 September 2008, Pages 56-69
  3. Water chemistry of Lake Quilotoa and assessment of natural hazards http://publiespe.espe.edu.ec/articulos/geologia/quilotoa/Quilotoa.pdf Архивирано на 16 февруари 2012 г.
  4. „Viva Quilotoa Travel Guide site visit Jan 31, 2009“. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 2017-12-24.
  5. Journal of Volcanology and Geothermal Research 97 (2000) 271–285 http://publiespe.espe.edu.ec/articulos/geologia/quilotoa/Quilotoa.pdf Архивирано на 16 февруари 2012 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]