Извршна власт
Изглед
(Пренасочено од Извршна)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Серијал за Политика: |
---|
Подсерии од Политика |
Извршна власт — гранка на државната власт чија должност е да ги спроведува законите што ги донела законодавната власт. Во зависност од бројот на органи што се носители на извршната власт, извршната власт во одредена држава може да биде моноцефална (едноглава) или бицефална (двоглава). Моноцефална извршна власт има кога постои само еден носител на извршната власт (шефот на државата) и во тој случај тој истовремено стои и на чело на владата (или кабинетот). Бицефална извршна власт има кога покрај шефот на државата, носител на извршната власт е и претседателот на владата.
Извршната власт во Република Македонија е бицефално организирана и ја вршат Владата и претседателот на државата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|