Прејди на содржината

Земјотрес на Хаити (2010)

Координати: 18°27′25″N 72°31′59″W / 18.457° СГШ; 72.533° ЗГД / 18.457; -72.533
Од Википедија — слободната енциклопедија
Земјотрес на Хаити, 2010
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Haiti" does not exist|250px|Земјотрес на Хаити (2010) во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Haiti" does not exist]]
Разурната национална палата (горе),
Епицентар на потресот (долу)
Датум 16:53:09, 12 јануари 2010 (−05:00) (2010-01-12T16:53:09−05:00)
21:53:09, 12 јануари 2010 (UTC) (2010-01-12T21:53:09Z)
Магнитуда 7.0 Mw
Длабочина 13 km
Епицентар 18°27′25″N 72°31′59″W / 18.457° СГШ; 72.533° ЗГД / 18.457; -72.533
Зафатени земји/подрачја Хаити
Макс. јачина MM X
Жртви Претпоставен број на мртви од 45,000–50,000 (Црвен крст)[1] па до 200,000 (Влада на Хаити)[2]

Земјотресот на Хаити во 2010 годинакатастрофален земјотрес со магнитуда од 7.0 Mw кој се случи 25 км западно од Порт о Пренс, главниот град на Хаити, во 16:53:09 часот по месно време (21:53:09 UTC) во втроник, на 12 јануари 2010 година.[3] Земјотресот се случил на длабочина од 13 км. Геолошката опсерваторија на САД, регистрирала серија на последователни потреси после главниот потрес, четириесетина од нив со магнитуда помеѓу 5.0 и 5 септември [4] Црвениот крст претпоставува дека околу три милиони луѓе се загрозени од потресот,[5] а министерот за внатрешни работи на Хаити верува дека преку 200,000 луѓе може да погинале во земјотресот,[6].[1] Голем број на значајни личности од јавниот живот исто така се меѓу жртвите од потресот..

Земјотресот предизвикал големи оштетувања во Порт о Пренс. Голем број на јавни згради се сериозно оштететни или целосно уништени, меѓу кои и Претседателската палата (претседателот преживеал), зградата на националното собрание, катедралата во Порт о Пренс, и главниот затвор.[7][8][9] Трагедијата е уште поголема со оглед на тоа што повеќето болници во погоденото подрачје исто така се уништени.[10] Обединтетите нации известиле дека штабот на Стабилизирачката мисија на обединетите нации во Хаити (MINUSTAH), сместен во главниот град на Хаити, бил уништен и дека шефот на мисијата, Хеди Анаби, се води како исчезнат.[11][12]

Историја

[уреди | уреди извор]

Островот Хиспаниола, на кој се наоѓаат Хаити и Доминиканската Република, е сеизмолошки активен и на ова подрачје се случувале азурнувачки потреси и во минатото. Земјотресот од 1751 кога островот бил под француска управа, како и потресот во 1770 година, земјотресот кој го уништил градот Cap-Haïtien и други помали градови на север од Хаити и Доминиканската Република на 7 мај 1842 година.[13] Во 1946, земјотрес со магнитуда од 8.0 ја потресол Доминиканската република и делови од Хаити, при што бил предизвикан цунами во кое загинале 1,790 луѓе и многу повеќе биле повредени.[14]

Хаити е една од најсиромашните земји на северната западна полутопка,[15] рангирана на 149-тото место од вкупно 182 земји според Human Development Index.[16]

Геологија

[уреди | уреди извор]
USGS intensity map.

Оштетувања на инфраструктурата

[уреди | уреди извор]
Срушени згради во Порт о Пренс.

Големи се оштетувањата во Порт о Пренс. Зградите на министерството за финансии, министерството за јавни работи, министерството за комуникации и култура, Палатата на правдата, Националната школа за администрација, Институтот Aimé Césaire, парламентот, и Катедралата во Порт о Пренс.[17][18][19] Националаната палата е сериозно оштетена.[20][21] Потресот исто така сериозно јаима штетено контролната кула на меѓународниот аеродором.[22]

Американскиот претседател Барак Обама обзнани дека поранешните претседатели Бил Клинтон, кој исто така е и специјален пратеник на Обединетите нации на Хаити, и Џорџ Буш ќе ги координираат напорите за формирање на фондови за обнова на Хаити. Државниот секретар Хилари Клинтон допатува на Хаити на 16 јануари за да ги види оштетувањата и изјави дека се издвоени 48 милиони долари од страна на САД за помош во обновата на Хаити.[23]

  1. 1,0 1,1 „Haiti earthquake death toll 'may be 50,000'. BBC News (англиски). BBC. 15 јануари 2010. Посетено на 15 јануари 2010.
  2. „Haiti quake death toll may hit 200,000-minister“. Reuters News (англиски). Ројтерс. 15 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-19. Посетено на 16 јануари 2010.
  3. „USGS Magnitude 7.0 – HAITI REGION“. Посетено на 13 јануари 2010.
  4. Earthquake Center, USGS. „Latest Earthquakes M5.0+ in the World – Past 7 days“. Earthquake Hazards Program. United States Geological Survery. Архивирано од изворникот на 2010-12-23. Посетено на 13 јануари 2010.
  5. „Red Cross: 3M Haitians Affected by Quake“. CBS News. 13 јануари 2010. Посетено на 13 јануари 2010.
  6. Sutton, Jane; Anthony Boadle, Pascal Fletcher (15 јануари 2010). „Haiti quake death toll may hit 200,000-minister“. Reuters Alertnet (англиски). Ројтерс. Архивирано од изворникот на 2010-01-19. Посетено на 15 јануари 2010.
  7. Fournier, Keith (13 јануари 2010). „Devastating 7.0 Earthquake Hammers Beleagured Island Nation of Haiti“. Catholic Online. Архивирано од изворникот на 2011-05-11. Посетено на 13 јануари 2010.
  8. „Quake 'levels Haiti presidential palace'. Sydney Morning Herald. 13 јануари 2010. Посетено на 13 јануари 2010.
  9. „UN: Haitian capital's main jail collapsed in quake“. 13 јануари 2010. Посетено на 13 јануари 2010.
  10. „Dems' Haiti Fundraising Email: 'Put Politics Aside For A Moment“ (англиски). Talking Points Memo. 14 јануари 2010. Посетено на 14 јануари 2010.
  11. „Press conference“. United Nations. 14 јануари 2010. Посетено на 15 јануари 2010.
  12. „Briefing by Martin Nesirky, Spokesperson for the Secretary-General, and Jean Victor Nkolo, Spokesperson for the President of the General Assembly“. United Nations. 13 јануари 2010. Посетено на 13 јануари 2010.
  13. Prepetit, Claude (9 октомври 2008), Tremblements de terre en Haïti, mythe ou réalité ? (PDF), Le Matin, N° 33082, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-12, Посетено на 2010-01-16, quoting Moreau de Saint-Méry, Médéric Louis Élie, Description topographique, physique, civile, politique et historique de la partie française de l’Ile Saint Domingue и J. M. Jan, bishop of Cap-Haïtien (1972), Documentation religieuse, Éditions Henri Deschamps.
  14. „Earthquake leaves Haiti 'worse than a war zone'. 13 јануари 2010. Посетено на 13 јануари 2010.
  15. "UNICEF urgently appeals for aid for Haiti following devastating earthquake", UNICEF. Пребарано на 14 јануари 2010.
  16. "Human Development Report 2009 Haiti", United Nations Development Programme. Пребарано на 13 јануари 2010.
  17. „TV5MONDE : actualites :“. Tv5.org. 30 септември 2008. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 13 јануари 2010.
  18. "Haitian palace collapses" Архивирано на 11 септември 2012 г.. The Straits Times. 13 јануари 2010.
  19. „Haïti: les rescapés évacués à la Martinique décrivent le "chaos" (француски). Nouvel OBS. 14 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2011-04-23. Посетено на 2010-01-15.
  20. „Earthquake Rocks Haiti“. FOXNews.com. Посетено на 13 јануари 2010.
  21. „Info – Séisme à Haïti: les autorités s'attendent au pire“. tsr.ch. Посетено на 13 јануари 2010.
  22. New York Times, "Devastation, Seen From a Ship", Eric Lipton, 13 јануари 2009. Пребарано на 14 јануари 2009.
  23. Претседателите Клинтон и Буш ќе раководат со фондовите за обнова на Хаити, CNN (16 јануари 2010).
Потребна неопходна помош
Контакт со пријатели и познаници во Хаити
Вести и слики
Население и географски информации
Врски до научни страни поврзани со земјотресот