За толкувањата
Дел од темата |
Аристотел |
---|
Портал: Философија |
Аристотеловото дело За толкувањето (лат. De Interpretatione, старогрч. Περὶ Ἑρμηνείας) е едно од првите филозофски дела во западната филозофија кое се занимава со соодносот помеѓу лингвистиката и логиката на опсежен, експлицитен и формален начин. Современата филозофска дисциплина херменевтика е донекаде изведена од ова дело, но таа поконтретно се задржува на толкувањето на текстови.
Делото започнува со анализа на прости категорични тврдења, и изведува низа основни заклучоци за секојдневните проблеми со класификацијата и дефиницијата на основните лингвистички форми како прости поими и тврдења, именки и глаголи, негација, квантитетот на простите тврдења (примитивниот корен на квантификаторите во современата симболичка логика), истрага во исклучената средина (која според Аристотел не важи за тврдења во идно време — Проблем на индинските контингенти) и за модалните тврдења.
Првите шест глави се занимаваат со поими и зборови во јазикот, додека следните шест глави се занимаваат со тврдењата и простите тврдења, меѓу кои и темите на негацијата и квантитетот. Последните три глави се занимаваат со модалности.
За толкувањето е (вториот) дел од делото Органон, збирката Аристотелови дела на тема логика.