Прејди на содржината

Вајтхолска палата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вајтхолска палата
Palace of Whitehall
Слика од 1622 година
Карта
Општи податоци
ГрадЛондон
ЗемјаАнглија
Урната1698
Проектирање и изградба
АрхитектИниго Џонс

Вајтхолската палата (англиски: Palace of Whitehall) била главната резиденција на англиските кралеви во Лондон во периодот од 1530 до 1698 година. Целиот комплекс бил целосно изгорен од пожар освен Банкетниот дом. Главен архитект на објектот бил Иниго Џонс. Во времето на неговото постоење, палатата била најголема во Европа, која се состоела со околу 1.500 соби.[1]