Балканско буре барут
Балканското буре барут, понекогаш познато и како, европско буре барут е термин кој започнал да се користи во почетокот на XX век. Во тој временски период постоеле голем број на преклопување територијалните претензии и сферите на влијание меѓу големите европски сили (Русија, Отоманското Царство, Австроунгарија, Германија, Велика Британија и Италија). Покјар империјалистичките амбиции и интереси на големите сили во регионот и слабеењето на силата на Отоманското Царство националните амбиции на локалните народи на овие простори доведува до формирање нанезависни држави на Грција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија.
Во рамките на овие народи постоеле и до денес уште постојат амбиции за создавање на големи држави со проширување на границите на постојните држави надвор од оние областите каде националните етнички групи се во мнозинство. Ова на почетокот на XX век довело до серија на конфликт меѓу новонастанатите балкански држави и нивниот поранешен угнетувачот Отоманското Царство. Исто така, тоа довело и до разлики помеѓу Балканските народи кои сакале да се здобијат со територија на сметка на своите (нови) соседи. Конфликтите со Отоманското Царство и конфликтите меѓу балканските народи, доведе до Балканските војни во 1912-1913 година. Војните кои настанаа по распадот на СФРЈ, како и сè уште отворените спорови помеѓу балканските народи водат потекло разгорените национализми во овој период.
Од друга страна, идеологијата на панславизмот на Балканот стекна популарност – движењето е изградено околу идејата во регионот да се обединат Словените во една нација (Југославија), која ќе треба претставува унија на неколку балкански држави и на дел од територијата од Австроунгарија населена со јужнословенско население. Поради ова Австроунгарија остро се спротивставува на оваа идеја, а Русија, која се гледа како водач на сите словенски народи, ја користи за остварување на сопствените интереси на Балканот.
Работите станале покомплицирани, во годините пред Првата светска војна, поради замрсеноста на односите помеѓу големите сили сојузнички (и формални и неформални, јавни и тајни). По Наполеоновите војни постоела рамнотежа на силите која оневозможувала да се случи поголема војна. Оваа рамнотежа почнала да се нарушува кога Отоманското Царство, која во Западна Европа се гледала како на баланс на руските интереси во регионот, почнала да се распаѓа. Од друга страна Германија, која претставувала лабава конфедерација на мали држави, се обединува во голема сила. Овие промени не довеле само до прегрупирање на силите, туку и на политичките интереси.
Овие фактори, како и многу други, довеле до Првата светска војна. Како што и самиот термин Балканско буре барут вели Балканот не бил големиот проблеми во војната, но претставувал катализатор кој довел до пожарот. Ото фон Бизмарк, канцелар на Германија од крајот на XIX век, точно предвидел дека Балканот ќе биде извор на големи конфликти во Европа.
Бурето барут експлодирало предизвикувајќи ја Првата светска војна, која почнала со конфликт помеѓу Австроунгарија и Србија. Надвојводата Франц Фердинанд, член на австриското кралското семејство, бил убиен од страна на Гаврило Принцип, член на движењето Млада Босна кое било помагано од Србија. Австроунгарија потоа упатила ултиматум до Србија со намера да ја испровоцира во војна преку екстремните барања содржани во него.[1] Српската влада ги прифатила условите на ултиматумот, со исклучок едно барање, кое значело вклучување на Австроунгарија во судската истрага на Србија во врска со атентатот.
Со целосна поддршка од Германија, делумно мобилизираната австроунгарска армија тргнува против Србија, која веќе ја почнала мобилизацијата пред доставување на одговарот на австроунгарскиот ултиматум. Русија потоа почнала да ја поддржува Србија, иако не била обврзана со договорот да го стори тоа, а во тој момент не била ниту спремна да влезе во војна.
Сојузништвата кои во текот на војната се склучувале, довеле до поголема мобилизација најпрво на австриската и руската војска, а потоа и на војските на Велика Британија и Франција со што војната ескалира.
Литература
[уреди | уреди извор]- ↑ Fischer, Fritz Germany’s Aims In the First World , New York, W.W. Norton, 1967, page 55.