Прејди на содржината

Апсинт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Апсинт е алкохолен пијалак, често погрешно наречен ликер, чија главна состојка е пелинот (латински: Artemisia absinthium). Апсинтот е познат по својата популарност во Франција, а особено романтичните асоцијации со париските уметници и писатели од XIX и XX век, сè до неговата забрана во 1915. Најпознатата марка апсинт во светот била Pernod Fils. Апсинтот е ликер со темнозелена боја кој после подготвувањето добива опалесцентна жолто-зелена боја. Има сличен вкус на мастика, узо и други ликери чија главна состојка е анасонот. Главни состојки се пелин, анасон, милодух, мелиса и римски пелин (Artemisia Pontica). Некои рецепти вклучуваат и корен од ангелика, кориандер, ким, и други планински растенија. Со едноставна мацерација (плакнење) на пелин без дестилација се добива многу горчлив пијалак, чија горчина се должи на апсинтинот, една од најгорчливите супстанци кои постојат. Автентичните рецепти вклучуваат дестилација после примарната и пред секундарната мацерација, која пак служи за обојување.

Поврзано

[уреди | уреди извор]