Џоан Колинс
Изглед
Џоан Колинс (англиски: Joan Collins) (23 мај 1933, Падингтон, Лондон, Обединето Кралство) е англиска глумица.
Животопис
[уреди | уреди извор]Џоан Колинс е родена во 1933 година. Таа е омажена за режисерот Перси Гибсон.
Кариера
[уреди | уреди извор]Колинс стекнала слава со улогата на Алексис во телевизиската серија „Династија“. Во 1983 година, таа добила ѕвезда на Холивудската патека на славните. Исто така, таа глумела и во филмот „Најдобрите мигови од животот“, како и во телевизиската серија „Бенидорм“.
Покрај со глумата, Колинс се занимавала и со пишување: во 2014 година ја издала автобиографската книга „Страст за живот“. Исто така, таа има сопствена козметичка линија „Joan Collins Timeless Beauty“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Наташа Спирова, „Џоан Колинс пишува книги, Меги Смит жнее награди“, Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 10-11.
|