Јарослав Качињски
Јарослав Александер Качињски (полски: Jarosław Aleksander Kaczyński) – полски политичар, роден на 18 јуни 1949 година во Варшава, брат-близнак на Лех Качињски. По професија е адвокат, а премиер на Полска станал во 2006 година, по Кажимјеж Марќинкевич. На таа функција бил до 2007 година, а по него премиер на Полска станал Доналд Туск.
Животопис
[уреди | уреди извор]Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Во 1991 година, Јарослав Качињски ја формирал демохристијанската партија „Центарски договор“ со која си обезбедил два мандата како пратеник во Сејмот, во 1991 и повторно во 1997 година. Во 2001 година, заедно со братот-близнак Лех Качињски, ја формирал десничарската партија „Право и правда“, која на изборите во 2001 година освоила над 10% од гласовите. Откако брат му станал градоначалник на Варшава, во 2003 година Јарослав застанал на чело на партијата „Право и правда“. Во 2006-2007 година, Јарослав Качињски бил премиер на Полска.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мирослав Саздовски, „Евроскептицизмот најде ново упориште - Полска“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 74-75.