Прејди на содржината

Yahoo!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Јаху

Јаху (на англиски Yahoo, Yahoo!, Yahoo! Inc.) — американска јавна корпорација, која нуди интернет-услуги низ целиот свет а се наоѓа во Санивејл, Калифорнија. Компанијата е позната по својот портал, пребарувач, Јаху директориум, електронска пошта, и страници за друштвени медиуми и услуги. Јаху беше основана од Џери Јанг и Дејвид Фило во јануари 1994, а беше инкорпорирана на 1 март 1995. На 13 јануари 2009, Јаху ја назначи Керол Бартз, пошанешен претседател на Аутодеск, за нов главен извршен директор и член на одборот на директори. Според компаниите за анализи на веб сообраќај (Complete.com, ComScore, Alexa Internet и други) доменот привлекол најмалку 1575 билиони посетители годишно до 2008. Глобалната мрежа на Јаху! страниците се отвора 3.4 билиони пати на ден во просек од октомври 2007. Јаху е второ мрежно место по посетеност во САД и во светот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]