Џери Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Џери Чих-Јуан Јанг (трад. 楊致遠, р. 6. ноември 1968 година) е тајванско-американски програмер, претприемач и филантроп. Јанг е соосновач и поранешен извршен директор на Јаху.[1]

Детство[уреди | уреди извор]

Јанг е роден како Јанг Чих-Јуан во Тајпеј, Тајван. Тој има помлад брат. Мајка му е професор по англиски јазик и драмска уметност. Татко му починал кога Јанг бил на двегодишна возраст. Во 1978 година, семејството Јанг се сели во Сан Хозе, Калифорнија, САД.[2] По селидбата за Јанг и брат му се грижи баба им и поширокото семејство, додека мајка им предава англиски на доселеници. Тогаш Јанг почнува со користење на англо-саксонското име Џери, мајка му Лили, а брат му Кен.

Јанг дипломира и магистрира во период од само четири години на Стенфордовиот универзитет. Двата степени му се во областа на електричното инженерство. Во 1989 година, Јанг го запознава Дејвид Фило кој му е колега на универзитетот. Во текот на студиска размена во Јапонија во 1992 година, Јанг се запознава со неговата идна сопруга Акико Јамазаки која учествува на истата програма.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Henderson, Harry (2014-05-14). A to Z of Computer Scientists (англиски). Infobase Publishing. ISBN 978-1-4381-0918-3.
  2. Olson, Parmy. „Finding Alibaba: How Jerry Yang Made The Most Lucrative Bet In Silicon Valley History“. Forbes (англиски). Посетено на 2020-04-08.
  3. „How A Virtuoso Plays The Web Eclectic, inquisitive, and academic, Yahoo's Jerry Yang reinvents the role of the entrepreneur. - March 6, 2000“. money.cnn.com. Посетено на 2020-04-08.