Темјанушковидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Violales)

Темјанушковидни (науч. Violales) — ред на цветни растенија наречен по семејството темјанушки (Violaceae) што ја содржи. Фигурира во неколку системи, со тоа што некои го користат називот Parietales за слични групирања. Во постариот, но влијателен Кронквистов систем (верзија 1981), редот темјанушковидни бил сместен во поткласата дилении (Dilleniidae) и се состоел од долунаведените семејства. Системот на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG)[1] воопшто не го признава овој ред.[2] Темјанушките се сместени во редот малпигиовидни (Malpighiales), а другите семејства се распоредени по разни други редови (укажани подолу).

Наводи[уреди | уреди извор]