Темјанушки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Темјанушки
Viola hedercea01.jpg
Viola banksii
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Темјанушки
Batsch

Темјанушките[1][2], темјануги[3][4], синолички[5][6] или љубичици[7][8] (науч. Violaceae) — фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).

Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales

Опис[уреди | уреди извор]

Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули.

Систематика[уреди | уреди извор]

Потсемејство Fusispermoideae[уреди | уреди извор]

Потсемејство Leonioideae[уреди | уреди извор]

Потсемејство Violoideae[уреди | уреди извор]

Племе Rinoreeae[уреди | уреди извор]

Потплеме Hymenantherinae[уреди | уреди извор]
Потплеме Isodendriinae[уреди | уреди извор]
Потплеме Paypayrolinae[уреди | уреди извор]
Потплеме Rinoreinae[уреди | уреди извор]

Племе Violeae[уреди | уреди извор]

Синоличките како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]