Прејди на содржината

Supertramp

Од Википедија — слободната енциклопедија
Supertramp
Supertramp, 1971
Од лево кон десно: Роџер Хоџсон, Френк Фарел, Рик Дејвис, Кевин Кари, Дејв Винторп
Животописни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1970–1988
  • 1996–2002
  • 2010–2012
  • 2014-2015
Издавачи
Мреж. местоsupertramp.com

Supertramp (македонска транскрипција: Супертрамп) ― британска рок група основана во Лондон во 1970 година. Најголем успех имале во 1979 година со нивниот шести албум Breakfast in America. Составот на групата многупати се менувал во текот на нивната кариера, а Дејвис бил единствен постојан член за време на нивното постоење. Други долгогодишни членови биле басистот Даги Томсон, тапанарот Боб Зибенберг и саксофонистот Џон Хеливел.

Групата на почетокот свирела прогресивен-рок, но по нивниот трет албум, Crime of the Century (1974), почнале да се преориентираат кон поп звукот.[5] Групата својот врв во продажбата го достигнале со нивниот албум од 1979 година, „Breakfast in America“. На албумот се наоѓале меѓународните топ-10 песни „The Logical Song", „Breakfast in America", „Goodbye Stranger" and „Take the Long Way Home". Нивните други топ-40 песни биле: „Dreamer“ (1974), „Give a Little Bit“ (1977) и „It's Raining Again“ (1982). Во 1983 година, Роџер Хоџсон ја напуштил групата за да продолжи со соло кариера. Дејвис ја презел функцијата единствен лидер на групата до 1988 година, кога се распаднале и повремено се здружували во различни состави.

До 2007 година, продажбата на албуми од Supertramp надминала 60 милиони.[6] Тие биле исклучително популарни во Северна Америка, Европа, Јужна Африка и Австралија. Најголема продажба оствариле во Канада, каде што имале два дијамантски (десеткратно платинести) албума (Crime of the Century и Breakfast in America) и нивните единствени број 1 песни ("The Logical Song" и "Dreamer" ).

Членовите со задебелен текст биле членови на првата постава.

  • Рик Дејвис – вокал, клавијатури, хармоника, текстописец (ко-основач; 1970–1988, 1996–2002, 2010–2012)
  • Роџер Хоџсон – вокал, клавијатури, гитари, бас гитара, текстописец (ко-основач; 1970–1983)
  • Ричард Палмер-Џејмс – гитари, вокал, перкусии, пишување песни (1970–1971)
  • Роберт Милар – тапани, перкусии, хармоника (1970–1971)
  • Дејв Винтроп – саксофон, флејта, вокал (1970–1973)
  • Кевин Кари – тапани, перкусии (1971–1973)
  • Френк Фарел – бас, клавијатури, придружни вокали (1971–1972, почина во 1997 година)
  • Даги Томсон – бас (1972–1988)
  • Боб Зибенберг – тапани, перкусии (1973–1988, 1996–2002, 2010–2012)
  • Џон Хеливел – саксофон, дрвени дувачкиинструменти, клавијатури, придружни вокали (1973–1988, 1996–2002, 2010–2011)
  • Стив Рид – перкусии (1987-1988)
  • Марк Харт – вокал, клавијатури, гитара (1996–2002; музичар на турнеја: 1985–1988)
  • Карл Верхејен – гитари, перкусии, придружни вокали (1996–2002, 2010–2012; музичар на турнеја: 1985–1986)
  • Клиф Хуго – бас (1996–2002, 2010–2012)
  • Ли Торнбург – тромбон, труба, клавијатури, придружни вокали (1996–2002, 2010–2012)
  • Том Волш – перкусии (1996–1997)
  • Џеси Зибенберг – вокал, гитари, перкусии (1997–2002, 2010–2012), клавијатури (2010–2012)
  • Гејб Диксон – клавијатури, вокал (2010–2012)
  • Кеси Милер – придружни вокали (2010–2012)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Supertramp (1970)
  • Indelibly Stamped (1971)
  • Crime of the Century (1974)
  • Crisis? What Crisis? (1975)
  • Even in the Quietest Moments... (1977)
  • Breakfast in America (1979)
  • ...Famous Last Words... (1982)
  • Brother Where You Bound (1985)
  • Free as a Bird (1987)
  • Some Things Never Change (1997)
  • Slow Motion (2002)
  1. Breithaupt, Don; Breithaupt, Jeff (2000), Night Moves: Pop Music in the Late '70s, St. Martin's Press, ISBN 978-0-312-19821-3
  2. Smith, Troy L. (1 August 2016). „Rock & Roll Hall of Fame: 7 so-called snubs that shouldn't be inducted“. Cleveland.
  3. Kelly, Brian (6 November 2019). „Dreamer brings Supertramp's music to Sudbury“. The Sudbury Star.
  4. 4,0 4,1 „SUPERTRAMP biography“. The Great Rock Bible. Архивирано од изворникот на 2019-06-05. Посетено на 2023-10-10.
  5. Erlewine, Stephen Thomas. „Supertramp“. AllMusic. Посетено на 26 October 2011.
  6. „Rare appearance“. HighBeam Research. The Buffalo News. 25 May 2007. Архивирано од изворникот на 29 March 2015. Посетено на 11 January 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]