Прејди на содржината

Steely Dan

Од Википедија — слободната енциклопедија
Steely Dan
Steely Dan на настап во 2007 година. Волтер Бекер (лево) свири електрична гитара, Доналд Фаген (десно) свири на мелодика.
Животописни податоци
ПотеклоАнандејл на Хадсон, Њујорк, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1971–1981
  • 1993–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоsteelydan.com

Steely Dan ― американска рок-група основана во 1971 година во Њујорк од Волтер Бекер (гитари, бас, придружен вокал) и Доналд Фаген (клавијатури, водечки вокал). На почетокот составот на групата бил стабилен, но од 1974 година Бекер и Фаген престанале да настапуваат во живо и станале студиска група, а албумите ги снимале со ротирачки состав составен од сесиски музичари. Ролинг Стоун ги нарекол „совршени музички антихерои за седумдесеттите“.[6]

Бекер и Фаген, додека студирале заедно во Њујорк, свиреле во многу различни групи. Подоцна се преселиле во Лос Анџелес, составиле група музичари и почнале да снимаат албуми. Нивниот прв албум, Can't Buy a Thrill (1972)содржел елементи на рок, џез, латино музика, R&B, блуз, [7] и софистицирана студиска продукција со затскриени и иронични стихови. Групата имала критички и комерцијален успех со седумте студиски албуми, достигнувајќи го врвот со нивниот најпродаван албум Aja, издаден во 1977 година.[7]

По распаѓањето на Steely Dan во 1981 година, Бекер и Фаген во текот на 1980-тите објавиле соло дела, но култните следбеници [7] останале верни на работата на групата. По повторното состанување во 1993 година, Steely Dan постојано биле на турнеи и издале два албуми со нов материјал, од кои првиот, Two Against Nature, добил Греми награда за албум на годината. Нивниот последен албум со нов студиски материјал бил Everything Must Go бил објавен во 2003 година, но групата продолжила редовно да издава компилации, бокс-сетови и албуми во живо. По смртта на Бекер во 2017 година, Фаген неволно ја продолжил со групата и тој е единствен официјален член.

Steely Dan продале преку 40 милиони албуми во светски рамки и биле примени во Куќата на славните на рокенролот во март 2001 година. VH1 ја ставила групата Steely Dan на 82-то место на нивната листа од 100 најголеми музички уметници на сите времиња.[8] Ролинг Стоун ги рангирал на 15-то место на неговата листа од 20 најдобри дуа на сите времиња.[9]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Can't Buy a Thrill (1972)
  • Countdown to Ecstasy (1973)
  • Pretzel Logic (1974)
  • Katy Lied (1975)
  • The Royal Scam (1976)
  • Aja (1977)
  • Gaucho (1980)
  • Two Against Nature (2000)
  • Everything Must Go (2003) 
  1. „Yacht Rock Album Guide“. Rolling Stone. June 22, 2021. Посетено на November 21, 2023.
  2. „STEELY DAN biography“. Great Rock Bible. Архивирано од изворникот на October 23, 2013. Посетено на August 3, 2013.
  3. Gimmers, Mof. „Steely Dan's Walter Becker Remembered“. The Quietus. Посетено на December 2, 2017.
  4. McCormick, Neil (September 3, 2017). „With Steely Dan, Walter Becker gave us jazz-fusion perfection“. The Telegraph. Архивирано од изворникот January 11, 2022. Посетено на May 8, 2021.
  5. „The Steely Dan albums“. September 13, 2007. Архивирано од изворникот на September 13, 2007.
  6. „Steely Dan“ (англиски). Rock & Roll Hall of Fame. Посетено на August 18, 2018.
  7. 7,0 7,1 7,2 AllMusic Steely Dan: Biography.
  8. „Ep. 215 – 100 Greatest Artists of All Time (Hour 2) – The Greatest – Episode Summary, Highlights, and Recaps“. VH1.com. Посетено на March 10, 2015.
  9. Празен навод (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]