Прејди на содржината

Russula sardonia

Од Википедија — слободната енциклопедија
Russula sardonia
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Russula sardonia
Научен назив
Russula sardonia
Fr. (1838)
Синоними
Russula sardonia
Научна класификација edit
Царствоm: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа: Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Вид:
R. sardonia
Биномен назив
Russula sardonia

Fr. (1838)
Синоними

 

Russula sardonia, е габа од родот Гулапка. Плодното тело, на габата, е црвено-виолетова, со боја на сок од капини и се наоѓа во четинарни шуми во лето и наесен. Не може да се јаде, и како многу членови од родот што не се јадат, има лут, зачинет вкус.

Таксономија

[уреди | уреди извор]

Денешното биномно име му го дал еминентниот шведски миколог Елиас Магнус Фрис во 1838 година. Специфичниот епитет sardonia, од грчкиот јазик, значи горчлив или остар, и е упатување на неговиот вкус. Russula drimeia опишана од Мардохеј Кубит Кук во 1881 година, R. chrysodacryon од Ролф Сингер во 1923 година и R. emeticiformis од Вилијам Алфонсо Мурил во 1938 година, се синоними. Името се применува и на она што сега се смета за R. queletii.

Шапката расте до околу 10 см во пречник. Најчесто има виолетово-црвена боја, но евидентирани се кафеави и зеленикави форми. Обично има потемна боја кон средината, која е конвексна кога е млада, но станува вдлабната во центарот со возраста. Дршката е повремено бела, но почесто е зацрвенета со бледо виолетово-црвено и или боја на грозје, лесно се отстранува бојата. Таа е 3-8 см висока и 1–1,5 cm во пречник. Распуштени ливчиња се со бледо јаглика жолта боја и тие потемнуваат со возраста.Габата се идентификува до ниво на вид, и е „задолжителен“ тест за поретките облици на боја. Отпечатокот на спорите е по боја кремов.[1] Месото е цврсто и има многу лут вкус, поради што печурката не може да се јаде.

Слични видови

[уреди | уреди извор]
  • Russula torulosa Брес. расте во истото живеалиште и се вели дека силно мириса на „сурово јаболко“.[2] Нема реакција на амонијак.
  • Russula queletii Елиас Магнус Фрис кој исто така живее со четинари Picea, а мириса и на јаболка.[2]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]

Russula sardonia се појавува на крајот на летото и есента, расте во микориза со бор во четинарни шуми, на песочни почви. Таа е вообичаена габа и се наоѓа низ Британија и Северна Европа.[1] Не се јавува во Северна Америка.

Јадливост

[уреди | уреди извор]

Оваа габа не се јаде и има вкус на „лута пиперка“.[1] Многу Гулапка со сличен вкус се отровни кога се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа: дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се сесквитерпени, кои се изолирани од овој вид[3] и сродниот род Lactarius.[4]

  1. 1,0 1,1 1,2 Roger Phillips (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 26. ISBN 978-0-330-44237-4.
  2. 2,0 2,1 Regis Courtecuisse and Bernard Duhem ((British version) 1995). Mushrooms and Toadstools of Britain and Europe. Harper Collins. ISBN 978-0-00-220025-7. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Andina D. et al. (1980). Sesquiterpenes from Russula sardonia. Phytochemistry 19: 93–97
  4. Benjamin, Denis R. (1995). Mushrooms: poisons and panaceas — a handbook for naturalists, mycologists and physicians. New York: WH Freeman and Company. стр. 369. ISBN 978-0-7167-2600-5.