Параноја
Изглед
(Пренасочено од Paranoia)
Параноја | |
---|---|
Други имиња | Параноичност |
Специјалност | Психијатрија, клиничка психологија |
Симптоми | Недоверба, лажни обвинувања |
Паранојa е инстинкт или мисловен процес кој е под силно влијание на вознемиреност или страв, честопати до степен на заблуда и ирационалност.[1] Параноичното размислување вообичаено подразбира страв од прогон или убеденост дека има некаква завера против самоиот себеси. Паранојата е различна од фобиите, кои подразбираат ирационален страв, но вообичаено не подразбираат и вина кон некого.
Изнесувањето лажни обвинувања и општата недоверба кон другите луѓе, исто така, честопати се дел од паранојата.[2] На пример, параноична личност може да се убеди себеси дека некоја случка била намерна кога според повеќето луѓе станува збор за несреќа или случајност. Паранојата е централен симптом на психозата.[3]
Паранојата како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Премногу паранои“ (англиски: Too Much Paranoias) — песна на американската рок-група Дево (Devo) од 1978 година.[4]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ World English Dictionary (Collins English Dictionary - Complete & Unabridged 10th Edition, 2009, William Collins Sons & Co. Ltd.) 3. informal sense: intense fear or suspicion, esp when unfounded
- ↑ „Don't Freak Out: Paranoia Quite Common“. Live Science. Associated Press. November 12, 2008. Посетено на September 16, 2018.
- ↑ Green, C., Freeman, D., Kuipers, E., Bebbington, P., Fowler, D., Dunn, G., & Garety, P. (2008). Measuring ideas of persecution and social reference: the Green et al. Paranoid Thought Scales (GPTS). Psychological Medicine, 38, 101 - 111.
- ↑ Devo – Q: Are We Not Men? A: We Are Devo! (пристапено на 10.2.2024)