Minut' srca tvog

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Minut' srca tvog“
сингл од Магазин
од албумот Nebo boje moje ljubavi
Пуштена1996
Снимена1996
Жанр
Должина4:26
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Suze biserne"
(1996)
"Minut' srca tvog"
(1996)
"Nebo boje moje ljubavi"
(1996)
Музичко видео
„Minut srca tvog“ (Официјално музичко видео) на YouTube

Minut' srca tvog“ (македонски: Минута од твоето срце) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1996 година, а се нашла на дванаесеттиот студиски албум на бендот, односно на првиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Nebo boje moje ljubavi (Небо во бојата на мојата љубов). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Арамжанот бил завршен од страна на Феодор Боиќ. Со цел да се промовира песната, снимено е музичко видео во црна-бела техника кое ја прикажува Розга придружена со бендот како ја пеат песната. Понатаму, песната била промовирана преку неколку настапи во живо при претставувања на бендот на концерти низ пост-југословенскиот регион. Откако ја започнала својата соло кариера, песната исто така била дел од сет листите за време на концертите и другите перформанси на Јелена Розга. Денес, „Minut' srca tvog“ важи за една од најпознатите песни на бендот и на пејачката воопшто. Поради нејзината популарност и во чест на нејзиниот наслов, во 2022 година, Розга го издава компилацискиот албум, насловен Minut' srca mog, а ја започнува и истоимената концертна турнеја.

Настапи во живо[уреди | уреди извор]

На 27 јануари 2015 година, Розга ја настапува песната придружена од Марио Маџгаљ на гитара и Огњен Амиџиќ како вокал (двајцата се од дуото Фламингоси) за време на нејзиното гостување во седмата сезона од емисијата „Ami G Show“. Настапот има преку 3 милиони прегледи на платформата за споедлување видеа Јутјуб од 2024 година.[1]

На 11 ноември 2018 година, Розга изведува акустична верзија од песната во живо за време на јавниот настап на емисијата на Радио Телевизија Србија, насловена Шареница.[2]

На 8 декември 2020 година, Розга се појавила на деветтиот собир на настанот насловен „HEP Opskrba“ каде што имала интервју и извела акустични преработки на пет песни, меѓу кои и таа на „Minut' srca tvog“.[3]

Покрај тоа, ја извела песната и на 25 декември 2020, на Божиќ, за време на онлајн концерт во живо на Instagram за време на пандемијата на КОВИД-19 придружена од Милан Терзе и Карло Дотур на гитара.[4]

На 18 јануари 2022, Розга се појавила на четиринаесеттата сезона од Ami G show во Белград, каде што дала интервју и извела неколку хит синглови, вклучувајќи ја и „Minut' srca mog“ пропратена од Амиџиќ на гитара.[5]

При гостувањето во емисијата „Living room acoustic“ од радио станицата bravo! на 19 мај 2022, Розга ја извела песната во микс заедно со песните „Nebo boje moje ljubavi“ и „Ginem“ (Гинам).[6] Од април 2024 година, видеото од настапот има преку 1.83 милиони прегледи на Јутјуб.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]