Тончи Хуљиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тончи Хуљиќ (29 октомври 1961) — хрватски музичар, текстописец и музички продуцент.

Животопис[уреди | уреди извор]

Анте "Тончи" Хуљиќ својата кариера ја започнува во доцните 1970-ти како основач и член на поп бендот Далматински Магазин (подоцна преименуван во Магазин). Бендот постепено изгради репутација како еден од најпопуларните и најтрајните хрватски поп бендови, со репертоар и музички аранжмани под влијание на далматинската народна музика.

Во 1990 година, по распадот на Југославија, Хуљиќ беше меѓу првите хрватски музичари кој воведе елементи на народната музика од другите поранешни југословенски републики во неговиот репертоар. Иако многу рок критичари го обвинија Хуљиќ за покренување на турбо фолкот во хрватската музика, Магазин стана веројатно најпопуларната музичка група во Хрватска во тоа време. Нејзината популарност продолжува низ републиките од поранешна Југославија.

Во тоа време, Хуљиќ ги покажува и своите менаџерски способности и ја основа издавачка куќа Тоника, која е меѓу највлијателните во Хрватска. Хуљиќ исто така има напишано многу популарни мелодии за хрватскиот пијанист Максим Мрвица, како што се "Нострадамус" и најголемиот хит на Максим, "Хрватски рапсодија".

Првиот соло албум на Хуљиќ се вика "Waterland". Хуљиќ беше еден од судиите на втората сезона на Икс-Фактор Адриа.