Интел

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Intel Corporation)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Корпорација Интел
ТипЈавна Компанија
Oснована1968
Основач(и)Гордон Е. Мур и Роберт Нојс
СедиштеСанта Клара, Калифорнија
Клучни личностиПол С. Отелини, Главен извршен директор
Крег Барет, Претседател на управувачкиот одбор
ДејностОбработка на Полупроводници
ПроизводиМикропроцесори
Флеш меморија
Матични плочи
Мрежни картички
Блутут уреди
Приходи$38.3 милијарди УСД (2007)[1][2]
Тековен
приход
$8.2 billion УСД (2007)
Нето приход$7.0 billion УСД (2007)
Вработени86,300 (2007)[3]
ГеслоLeap Ahead
Порталintel.com

Корпорацијата Интел е најголемата светска компанија за производство на полупроводници која е еден од најстарите пронаоѓачи и производители на микропроцесори, кои во минатите децении па и денес се најпродавани на светскиот пазар за микропроцесори. Интел е основана на 18 Јули, 1968-ма година во Санта Клара, Калифорнија и регистрирана под името "Integrated Electronics Corporation" (Корпорација за интегрирани електроники). Покрај микропроцесори Интел исто така произведува и матични плочи, мрежни картички, интегрирани кола, флеш мемории, графички картички како и други производи поврзани со комуникации и компјутери. Основана од страна на Роберт Нојс и Гордон Мур, а под водство на брилијантниот извршен директор Андру Грув, Интел постана водечка компанија за производство на најнови технолошки достигнувања. Познатиот бренд на микропроцесори на Интел "Пентиум" стана препознатлив насекаде во светот и го има во скоро секој дом.

Првенствено главна цел на производство и пордажба на Интел претставуваа СРАМ и ДРАМ мемориските чипови се до раните 80-ти кога персоналните компјутери достигнаа огромен успех и производството на микропроцесори стана нивна главна цел на производство и развивање. Во почетокот на 90-тите Интел инвестираше огромни средства за развивање на микропроцесорите што го направи Интел доминантен снабдувач на пазарот со микропроцесори.

За да ја одбрани оваа своја позиција на пазарот Интел водел многу битки и користел доста контроверзни тактики. Во мај 2009, Европскиот комесар за заштита на конкуренцијата го казни Интел со дотогаш рекордни 1,06 милијарди евра казна бидејќи на производителите на компјутерска опрема им давал значајни бенефиции доколку не ги користат конкурентските компоненти во своите производи. Жалбата на оваа пракса на Интел била изнесена пред Европската комисија за конкуренцијата од конкурентот на Интел, АМД.[4]

Денес Интел спаѓа во групата на најмоќните и најбогатите светски компании.

Наводи[уреди | уреди извор]